ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов од Карпош: Клучката кај Момин поток ке биде најсофистицирано сообраќајно решение во урбана средина во државата

October 7, 2021 22:11
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Душко Весковски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва остварија повеќе средби со граѓаните од оваа скопска општина.

– Карпош е една од најразвиените скопски општини. Со малку посветеност и работа може многу да се направи буквално за секое катче од оваа општина, со овие зборови градоначалникот Шилегов го започна своето обраќање.

– Реконструиравме делови од булеварите Партизанска од 8-ми септември до кружниот тек во Ѓорче Петров и 8-ми септември од Илинденска до Скупи. На 8-ми септември изградивме и велопатеки од Партизанска до Скупи. Целосно ги реконструиравме улиците Лондонска, Љубљанска, Московска, Брадфордска, Никола Парапунов и Ацо Шопов, изјави Шилегов осврнувајќи се на реализираните проекти во делот на инфраструктурата.

– Денес имавме прес кај Клучката на Момин Поток, таков сложен сообраќаен зафат во Скопје не е направен со децении наназад. Оваа раскрсница која ја паметиме по огромни гужви каде поминуваат 25 до 30.000 возила дневно, спојува четири општини, го добива најмодерното и најсофтицираното сообраќајно решение било кога изработено во урбана средина во државата. Градиме издигнат булевар на 9 метри, со кружен тек во ридот кај касарната, со којшто овозможуваме анулирање на семафорската сигнализација и движење без застој на сите видови сообраќај. Таму за прв пат ќе изградиме велосипедски мост, вело патеки мора да има како составен дел од сите идни сообраќајни решенија во градот, нагласи Шилегов.

– Преку ова сообраќајно решение, заедно со клучката и пробивањето на бул. Словенија до Волково и пробивањето на Хасан Приштина до обиколница во правец на Косово, целосно го решаваме на долг рок сообраќајот во овој дел од градот. Мостот на ул. Љубљанска е вториот од двата моста кои ги започнавме за само еден мандат. Мостовите ги приближуваат луѓето, овој мост ја олеснува комуникацијата на жителите од Карпош 3 и 4 со жителите на Бардовци и Злокуќани. Со изведбата на првата траса на БРТ системот на брз автобуски превоз, одново ќе го изградиме и мостот Обединети нации, кој сега ќе биде и поширок и побезбеден за сообраќај, продолжува Шилегов.

– Во овој дел од градот ги реконструиравме средните училишта Георги Димитров, Никола Карев, Орце Николов, Лазар Танев и Здравко Цветковски, а обезбедивме и прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов.

– Не заостануваме и во делот на градското зеленило, во Карпош подигнати се над 43.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 2.300 садници. Општина Карпош е побогата за два нови урбани скверови со повеќе зеленило и содржини за одмор и релаксација, еден кај објектот на Пожарната во Тафталиџе, а другиот кај гимназијата Орце Николов, потенцираше Шилегов

Во следниот мандат, спроти Карпош 4 до кејот на Вардар, Шилегов најави нов градски парк на површина од 86.000 квадрати, со неколку видиковци, урбана шума кон блиските згради, простор за летна сцена, сервисна уличка за пристап и поплочен кеј со дрворед.

– Во соработка со општина Карпош во следниот мандат предвидовме реконструкција и адаптација на библиотеката „Другарче“, во нов мултимедијален центар на културата, каде што младите ќе имаат можност да разменуваат знаења и искуства, додаде Шилегов.

– Вие сте сила која е гаранција дека Скопје нема да запре, дека нема да назадува, вие сте гаранција дека ќе го градиме Скопје какво што вие сакате, вие сте гаранција за победа. Затоа е важно да излеземе на 17 октомври и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје, заклучи Шилегов повикувајќи ги жителите на Карпош на 17 октомври да излезат масовно на избори и да гласаат за Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

Next Post

(ВИДЕО) Тони Михајловски позитивен на Ковид-19

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk