Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, како што објави во видео порака на Фејсбук, е позитивен на Ковид-19.
„Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого, објави на својот Фејсбук профил Михајловски.“