ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев на петгодишнината од Универзитетот „Мајка Тереза“: Образованието на јазик и писмо на секоја етничка заедница е придонес за општествена интеграција и развој на заедницата

October 8, 2021 14:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, присуствуваше и се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на петгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, која се одржа во Музејот на современата уметност во Скопје.

На настанот, на кој присуствуваа претставници и ректори од други државни универзитети, студенти, дипломци и магистри, се обратија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азис Положани.

Честитајќи го јубилејот и изразувајќи задоволство што е дел од настанот, премиерот Заев истакна дека Универзитетот „Мајка Тереза“, од своето основање до денес стана сериозен чинител во системот на високото образование во Република Северна Македонија.

„Одлуката за основање на Универзитетот и за создавање на уште еден кампус во главниот град на нашата земја на кој наставата ќе се одвива на албански јазик, според современи стандарди за високо образование, наука и истражување, ја прифативме како општествена инвестиција во интерес на младите генерации,“ рече премиерот Заев, додавајќи дека низ овие пет години остварувањето на мисијата на Универзитетот ги прошири своите димензии и денеска настава на одделни студиски програми се одвива и на македонски јазик.

Тој посочи дека Универзитетот „Мајка Тереза“, каде на пет факултети, од кои четири од технички-технолошки профил и еден за општествени науки, и каде се образуваат речиси 3.000 студенти  ја остварува својата мисија при формирањето да создава кадри од техничко-технолошките профили како предуслов за забрзување на економскиот развој и за зајакнување на социјалната кохезија на општеството.

„Образованието на јазикот и писмото на секоја етничка заедница, како основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, кохезија и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна“, оцени премиерот Заев додавајќи дека основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, произлегува и од нашата должност и одговорност да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, користејќи го потенцијалот за воспоставување  комуникација, разбирање, толеранција и заедништво.

Испраќајќи порака, дека студентите се лидери на иднината и дека обврска на сите е да им создаваме услови за исполнување на нивните соништа и амбиции, за стекнување солидно, европско образование за да живеат исто, дома, како и нивните врсници во Европа, премиерот Заев подвлече дека како одговорност пред Владата останува завршување на постапката за трајно просторно сместување на Универзитетскиот кампус во кругот на касарната „Илинден“, со што, како што подвлече, ќе се создадат услови за изградба на Универзитетскиот комплекс, што како проект е дел од Програмата на Владата.

Next Post

ИЗБОРЕН РАПОРТ #12 на ЦИВИЛ: Грчева ќе „дига на клоци“ и ќе апси, црна кампања со злоупотреба на трагедијата во Тетово, случај „Латас“, ЦИВИЛ со викенд обуки за набљудувачите

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk