ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Покажавме резултати и успеси на сите полиња, време е за Најдоброто за Струга, да се обединиме сите околу бројот 12 и Шипинкаровски

October 10, 2021 09:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната граѓанска трибина Најдоброто за мојата општина посочи за важноста на концептот на едно општество за сите, дека тоа е клучот за напредок и затоа е важно што избираме на изборите и какви одлуки носиме.

„Сето ова го зборувам од името на авангардните чекори кој што заедно сите ние, нашиот народ ги презедовме последните 4 години. Решивме историски прашања, ќе ве потсетам овде има и повозрасни од мене, но има и помлади. Се сеќаваат сите. 30 години славиме независност, 30 години на сите избори, НАТО – ЕУ, ЕУ – НАТО, единствено или слично. И успеавме, сите позади нас не успеа. Денеска најголемото богатство го имаме, сите дома сме обединети, во едно општество за сите. Каде што секој граѓанин е еднаков и со своите права и со своите обврски. И тоа треба да продолжиме да го негуваме”- рече Заев.

Тој се наврати и на дел од досега сработеното, на инвестициите и на економијата.

„Покажавме прво на планот мултиетнички и меѓународен успеси кој што никој не може да ни ги земе. И додека ги решававме сите овие крупни прашања, работевме дома, 7000 проекти поддржавме на локално ниво на државата, 7000 проекти. Изградивме 60 детски градинки, реконструиравме, изградивме нови 80 училишта, 34 болници, 20 домови на култура, театри, општински згради, изградивме објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра. Општините беа во долгови до гуша, ги раздолживме со 50 милиони евра и тоа се огромни пари на државата. Успеавме паралелно да го јакнеме економскиот стандард на нашиот народ. Во време на крупно решавање на прашањето, на прашањата кои што се најсериозни во оваа наша земја, од самостојноста до сега, во време на повеќе од година и пол пандемија во државата, каде што колабираа системите економски и буџетски насекаде во светот, се осети и кај нас сериозно, во тоа време сите овие 4 години инвестиравме во економскиот стандард на нашиот народ.

Прво, на најсиромашните поделивме не 3%, не 30%, 300% повисока социјална помош, затоа што беше срамота 2700 и 2300 денари социјална помош, сега имаат 300% и притоа сите се фокусирани на веднаш барање работа. Ако одбиваат, тогаш се укинува, има фер систем. Втора работа, ги покачивме платите на сите во државата, минималната плата не беше пред 40 години, пред 4 години 8 и 9000 денари. Сега е со закон 15,200, до крајот на годината ќе биде 18000 денари. Од 9 на 18.000 денари, тоа не е 10 пати, тоа е дупло, не 10%, 15%, 20%, 100% и таа е важна затоа што го прави притисокот на сите други плати да се качуваат. ВМРО – ДПМНЕ од 2011 до 2017 година, за 1.700 денари ја покачи просечната плата во државата. Ние од 2017 до 2021 година ја покачивме за 6.300 денари просечната плата во државата, едно заради минималната плата, второ ги супституиравме сите кој што ќе ги покачат платите на своите вработени, разликата во придонесите на државата до ден денеска ги плаќа.

Од Струга, Заев испрати порака на единство и повика на обединување на сите етнични заедници кои живејат во Струга да го изберат Најдоброто, затоа што тоа што било добро и тоа што било подобро, може да биде само најдобро. Тоа што не чинело, може да биде само најлошо.

На 17 октомври Заев повика да се избере патот кој води кон просперитет и подобар животен стандарт за сите, а тоа го носи бројот 12, Димче Шипинкаровски.

Next Post

Спасовски од Шуто Оризари: Најдоброто на 17 октомври ќе победи во Шуто Оризари, со Ферат Асан

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk