ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Заев нема ништо против претседател Албанец, Арсовска како Субрата Рој, реакции и осуди за скандалозниот инцидент од Левица

October 12, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе го чекам моментот кога граѓаните и Македонци, Албанци, Срби, Власи и Турци ќе бидат подготвени да изберат граѓанин кој не е Македонец, истакна Заев. Со своите нереални ветувања, Данела Арсовска почнува да наликува на Никола Груевски кога предизборно ветуваше 8 милијарди евра инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој, велат од СДСМ. Не престануваат острите критики за актот на Левица на Могилата на непобедените во Прилеп. Разговор на Фронтлајн со Димитриевски после скандалозната снимка на Јутјуб.

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

Премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец и оти би сакал да го дочека тоа, но нагласи дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата туку и од останатото неалбанско население, бидејќи како што рече, претседател се избира на непосредни избори, а не со партиски и политички договори.

Во третата, финална, недела од изборната кампања, од час во час, гледаме само уште повеќе од истото. Собири, митинзи, претставување кандидати и – многу помалку – кандидати, презентации на програми и ветувања, што остварливи, а уште повеќе тешко остварливи или неостварливи… И – неодминливата – црна кампања.

Ветувањата на Арсовска за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси, мега-парковите, а сега и иновативен парк, наликуваат на ветувањата на Субрата Рој дека ќе донесе 20.000 крави во Џумајлија, дека ќе направи „Лас Вегас“ во Љубаништа и дека ќе донира милионски споменик на „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од СДСМ.

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

ЗЕЛЕНА

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје и тоа е добра вест за скопјани. Официјалните бројки покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред 4 години односно може да се забележи дека просечната вредност на ПМ честички на метар кубен е намален речиси за двојно. Ако во 2016 година сме имале 71,9 микрограми на метар кубен ПМ честички во 2020 имаме само 40, што е одличен резултат.

СКАНДАЛИ

Не претстануваат осудите на вчерашниот срамен инцидент што активисти од Левица се обидоа да го исценираат на Могилата на непобедените во Прилеп, кога со положување на цвеќе по повод одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието, почест оддаваа државни делегации, општински и партиски претставници, здруженија на граѓани и роднини на загинатите борци во НОВ.

На ЈуТуб денеска се појави аудио снимка на која, наводно, се слуша како луѓе коишто се на советничката листа од иницијативата „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски се обидуваат да купат гласови во Куманово. На снимката, наводно, се слуша Мирољуб Пауновиќ, кандидат за советник, како се договара со непознато лице да му обезбеди 50 до 100 гласа. Лицето му кажува дека треба да се плати по 500 денари од човек, плус нешто за него. Фронтлајн.мк го контактираше Димитриевски кој рече дека се работи за местенка и дека случајот е пријавен во МВР. Видеото веќе го нема на Јутуб.

ФРОНТ

Кога ги видов суртуците, онаа јадна „формација“ пред Могилата на непобедените во Прилеп, помислив како на ова би реагирала баба ми Ана, борка на Сремскиот Фронт. И веднаш ми стана позабавна целата ситуација. Идејата за „герила акција“ е лоша, непристојна и груба, понижувачка за нив самите – најблаго кажано. Од друга страна, тоа е најдоброто што може да го смисли една гротескна, монтипајтоновска лумпен-политичка банда, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

Настанот на могилата на непобедените во Прилеп беше медицинска акција. Таму не постоеше ништо од таканаречена герила акција. Само недоквакана будала може да се изглупира на таков начин и на тоа место. Апасиеви продолжуваат да се просераваат на јавна сцена за на истите подоцна дркајќи на социјалните мрежи да доживуваат пубертетски оргазми… пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

ПАНДЕМИЈА

Вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, покажува најновиот бриф на „Finance Think“.

Денес се регистрирани 130 новозаразени, регистрирани се 423 оздравени пациенти, а починале 6 пациенти.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

May 14, 2025

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk