ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Суртуци пред Могилата на непобедените

Идејата за „герила акција“ е лоша, непристојна и груба, понижувачка за нив самите – најблаго кажано. Од друга страна, тоа е најдоброто што може да го смисли една гротескна, монтипајтоновска лумпен-политичка банда

October 12, 2021 12:33
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога ги видов суртуците, онаа јадна „формација“ пред Могилата на непобедените во Прилеп, помислив како на ова би реагирала баба ми Ана, борка на Сремскиот Фронт. И веднаш ми стана позабавна целата ситуација.

Вербални „нежности“

Баба ми беше многу пристојна и мила жена, но и многу импулсивна Далматинка, па така, кога гледаше неправда, знаеше да нареди неколку многу живописни изрази на негодување. Особено беше чувствителна на политичките излети на тогашната номенклатура и знаеше да ги „почести“ со живописна далматинска салата од вербални „нежности“.

Повозрасните читател(к)и сигурно се сеќаваат на серијата „Вело мисто“ (Velo mistо) со легендарните Борис Дворник и Мустафа Надаревиќ. Во секоја епизода имаше мигови кога протагонистите се изразуваа малку „послободно“.

Ćaću ti ga… Vrag ti kožu… и така натаму.

Па така нешто. Верувам дека нема нормален човек што не реагирал, повеќе или помалку, како баба ми. И мене низ глава ми проструи еден бран од истите изрази што ги употребуваше баба ми кога ќе видеше неправда. Посебно ги мразеше фашистите.

Добронамерен совет

Секогаш благиот и помирлив Заев го посоветува прилепскиот арамбаша да си посети психијатар. Веројатно, истиот совет ќе му го дадеше и на шефчето на онаа будалетинка.

Да беше баба ми во близина, таа будала со цигарата во рацете, немаше да помине со таков благ совет. Баба ми сигурно ќе проценеше дека таа будалетинка и неговите посрани придружнички и придружници ги поминале границите во кои може да им се помогне со благ совет.

Монти Пајтон

А, пак, да беше Џон Клиз сведок на оваа ситуација, сигурно ќе направеше белешки за сценарио слично на „Житието на Брајан“ (Monty Python’s Life of Brian). Ќе ја разобличеше и соголеше целата глупост и гротеска на едно незрела и насилничка, а во суштина далеку од храбра постапка.

Но имаме и ние наши маестрални автори кои оваа „авантура“ кај Могилата на непобедените можат да ја преточат во урнебесно четиво од соодветниот жанр – сатира.

Ова не е „герила акција“, туку чиста глупост

Идејата за „герила акција“ е лоша, непристојна и груба, понижувачка за нив самите – најблаго кажано. Од друга страна, тоа е најдоброто што може да го смисли една гротескна, монтипајтоновска лумпен-политичка банда.

Ова не е „герила акција“.

Ова е чиста глупост, смислена во кафана, со пакосни насмевки и снисходливи погледи упатени кон малото мрсулинче. Онака, запотени под мишките, со црните маици и кошули што ги носат за да изгледаат „наци“, зујат како муви без глава веќе неколку години и прават будали од себе, злоупотребувајќи го системот и богатејќи се на наша сметка.

Имаат уште многу леб да јадат и пак никогаш ниту да се доближат до она што сакаат да бидат. А тоа што сакаат да бидат е најголемото зло на минатото, денешницата и иднината. Против кое модерната цивилизација има лекови како што се судовите, а во екстремно болни случаи – психијатриски установи.

Кукавици

Некои оваа банда точно ја дефинираат како екстремната десница. Но тоа, ми се чини, се премногу сериозни називи за една група недоквакани, полуписмени и криминогени ликови чија фасцинација со нацизмот ги прави само дополнително смешни. Особено затоа што немаат три чисти да се претстават така, па се кријат зад називот на политичките партии од сосема спротивната страна на политичкиот компас. Кукавички, крајно кукавички.

Сѐ што сакаат да бидат, го прават во неговата карикатурална форма. Како и Груевски. Сакаше да направи монумент од своето владеење со Скопје 2014, а успеа да направи само грда карикатура од себе и од градот, неподнослива за гледање. Така и овие неранимајковци пред Могилата на непобедените, пиончиња на една класична будала (и кукавица) во македонската политика.

 


Текстот е личен став. Дозволено е преземање, според лиценцата Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).

Next Post

Први процедури на аблација на преткоморна фибрилација изведени на УК за Кардиологија

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk