ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Ќе се гради ветерен парк со име „Вирови” кој ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија, целосно вакцинирано 35% од населението

October 12, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се реализира најголемата инвестиција во историјата на македонската економија, 69 ветерници од 500 милиони евра на германската WPD, не престануваат острите критики за актот на Левица на Могилата на непобедените во Прилеп, Земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании.

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈA

Нема информации кога ќе почне скринингот на 8200 ученици во основните и средните училишта, што од Министерството за здравство беше најавен за почетокот на оваа недела.  Преку регистарот во Е-дневник по случаен избор тие треба да бидат тестирани на КОВИД=19, со согласност од нивните родители, за да се се добијат податоци дали има пренесување на вирусот во училиштата.

Земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании. Ова го овозможува договорот за корпоративна даночна реформа, кој Република Северна Македонија го постигнаа изминатата недела заедно со 136 други земји.

Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Ранковце- Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес.

До крајот на годинава нема да се менува цената на електричната енергија, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа денеска премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Во текот на вчерашниот ден направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19. Починати се 15 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 165 лица.

На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје во петокот за првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница, а министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска на одделот пуерпериум при ГАК-Скопје ја посети родилката и нејзиното новородено.

Премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец и оти би сакал да го дочека тоа, но нагласи дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата туку и од останатото неалбанско население, бидејќи како што рече, претседател се избира на непосредни избори, а не со партиски и политички договори.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески, за поефикасна комуникација на граѓаните со органите на локалната власт, ја претстави платформата за решавање на граѓанските проблеми за 72 часа „Проект 72“. Сугарески ги најави и проектите: „Службеник за тебе“ и „Социјална мобилност“.

Денес, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре Шилегов, оствари средба со претставници на Сојузот на стопански комори, на која се разговараше за економските предизвици во време на КОВИД 19 пандемија.

Со своите нереални ветувања, Данела Арсовска почнува да наликува на Никола Груевски кога предизборно ветуваше 8 милијарди евра инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој, велат од СДСМ.

Задоволство е кога ќе ги поминете сите 650 села во државата и сите 34 градови заедно со градот Скопје и ќе видите дека насекаде  реализирани голем број проекти, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Сител Телевизија.

Не претстануваат осудите на вчерашниот срамен инцидент што активисти од Левица се обидоа да го исценираат на Могилата на непобедените во Прилеп, кога со положување на цвеќе по повод одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието, почест оддаваа државни делегации, општински и партиски претставници, здруженија на граѓани и роднини на загинатите борци во НОВ.

Во третата, финална, недела од изборната кампања, од час во час, гледаме само уште повеќе од истото. Собири, митинзи, претставување кандидати и – многу помалку – кандидати, презентации на програми и ветувања, што остварливи, а уште повеќе тешко остварливи или неостварливи… И – неодминливата – црна кампања.

 

ФРОНТ

Настанот на могилата на непобедените во Прилеп беше медицинска акција. Таму не постоеше ништо од таканаречена герила акција. Само недоквакана будала може да се изглупира на таков начин и на тоа место. Апасиеви продолжуваат да се просераваат на јавна сцена за на истите подоцна дркајќи на социјалните мрежи да доживуваат пубертетски оргазми со: “Виде ли што му направивме на предавникот?“ “Браво дечко, алаФ ти вера!“, и слично.

Кога ги видов суртуците, онаа јадна „формација“ пред Могилата на непобедените во Прилеп, помислив како на ова би реагирала баба ми Ана, борка на Сремскиот Фронт. И веднаш ми стана позабавна целата ситуација.

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk