Документи кои се доставени до нас откриваат голем скандал поврзан со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода, изјавија на денешната прес конференција од СДСМ.
„Ова е тој Договорот за закуп. Но, фирмата замислете, не плаќала струја! Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра.
Данела ниту е чесна ниту е независна. Кандидатката на Груевски е иста како него.
Ова почитувани граѓани е класичен пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење.
Неодговорен и нечесен однос кон имотот на граѓаните, кои се реални сопственици на салата.
Ако Арсовска вака лошо управува со една сала, јасно е дека нема да може да управува со цел Град.
Ако не плаќала струја, не почитувала Договор, направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.
Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.
Не може граѓаните да си ги плаќаат своите сметки а Данела на нивниот грб да се богати“, изјави на денешната прес конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.