Поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“, против В.С., полициски службеник вработен во Полициска станица Центар, поднесена е кривична пријава до ОЈО ГОКК- Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Како што соопшти МВР, пријавениот полициски службеник на 28/29.11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.
Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар е евидентно дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело.
Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност, наведуваат од МВР.