Фантомската организација Аксиос 2017 набљудува избори и прави анкети, а никој не знае ништо за неа. Има оваа земја луѓе високо качени над мочуриштето што го создаваат овие мрцини, пишува Дерала во најновото еспресо Дембелана. Кога ќе „клањаш“ за политички цели среде улица, тука е ИВЗ да ти каже дека се молиш на погрешно место и за погрешни цели. Исламската заедница против потегот на кандидатот на Левица, кој предводеше исламска молитва пред Влада, во строг центар.
ФРОНТ, ESPRESSO
Дембелана…. Елита? Слободно опцујте сега, заслужуваат. Знаете што имаат заедничко? Незнаењето и ароганцијата. Едното го храни другото и само растат – и незнаењето и ароганцијата. И тие учествуваат во создавање на политичката култура во оваа земја. Среќа што не се единствените. Има оваа земја луѓе високо качени над мочуриштето што го создаваат овие мрцини, испијте го попладневното еспресо со Џабир Дерала.
ИСТРАЖУВАЊЕ: Аксиос 2017, „фантом“ организација набљудува избори и прави анкети, а никој не знае ништо за нив? Интересно е тоа што АКСИОС како организација, ако се суди според она што е објавено на нејзината Фејсбук страница, единствено место каде може да се најдат нејзини објави, помеѓу парламентарните изборите во јули 2020 па се до септември 2021 има само две објави. Едната од нив е пост со поддршка за македонската фудбалска репрезентација за време на Европското првенство, и една честитка за Велигден.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
ИВЗ најостро го осудува повикот на молитва за политички цели на кандидатот на Левица. Во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник од Левица за Шуто Оризари, Тефик Махмут, предводеше исламска молитва (намаз) и преку мегафон се учеше езан во центарот на градот, пред Влада.
Муиќ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба бил осуден на казна затвор за продажба на дрога (ДОКУМЕНТ).
СДСМ Скопје: Модерната кандидатка на барокната партија и натаму ја крие менаџерската биографија. Скопје е веќе обединет, поврзан град, град на сите скопјани. На главниот град не му треба лажна и катастрофална менаџерка, финансирана од партијата која го уништи модерно Скопје, претворајќи го во барокно Скопје и европски главен град на кичот“, пишува во реакцијата на СДСМ Скопје.
СДСМ: Повели Максим вечер да чуеш што е НАЈДОБРОТО за Куманово! Што се однесува до твојата лажна загриженост за привремено остранета канделабра на кумановскиот плоштад, за што пишуваш на фејсбук, НАЈДОБРОТО ти порачува – после величествениот настан истата ќе биде на своето место, а после победата на Оливер Илиевски, нашето Куманово ќе добие и многу многу повеќе од тоа, велат од СДСМ.
Лазаревски: Зошто во недела треба да се гласа за Шилегов и коалицијата Најдоброто за Скопје.
Актуелниот и иден градоначалник Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 17 октомври. Тој во своето обраќање потенцираше дел од своите завршени и идни проекти, со верба дека Скопје, чекор по чекор, ќе продолжи да ја развива својата поинаква приказна што започна пред четири години.
ПОЛИТИКА
Заев – Варвициотис: Пријателството и стратешкото партнерство меѓу двете земји има силно регионално значење и потенцијал. На средбата беше потврдено дека од исклучителен заеднички интерес и стратешка цел на двете земји е Северна Македонија колку што може поскоро да ги започне пристапните преговори со ЕУ, и дека Грција во таа насока ќе продолжи со силната поддршка.
Јотова: Бугарија има право на цврста позиција кон Северна Македонија за бугарските воени споменици. Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
МНР ги отфрла тврдењата за наводно оштетување на спомен обележје на бугарски војници кај Кавадарци. Со утврдената фактичка состојба од надлежните институции, сакаме да ги отфрлиме сите обвинувања кои се појавија во јавноста, притоа и да упатиме апел до сите инволвирани поединци и институции да бидат внимателни и да не наседнуваат на очигледни провокации чија интенција е да ги загрозат добрососедските односи меѓу двете земји, и напорите на двете Министерства за изнаоѓање заеднички решенија за надминување на разликите.
Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија е предворјето за влез во ЕУ. Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додаде Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија.
ЕКОНОМИЈА
Бислимоски: Со УСАИД ги изработивме сите подзаконски акти со кои се штитат потрошувачите. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) доби благодарница за успешна соработка во спроведување на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија, информираат од регулаторното тело.
НБ: Поставеноста на монетарната политика засега е соодветна, неопходно е внимателно следење на инфлациските движења. ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1 процент во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2 процента во 2022 години.
ПАНДЕМИЈА
Нови 413 случаи со Ковид-19, девет починати. Во текот на изминатите 24 часа починале девет лица од кои четири од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), две од Велес (86г и 74г) и по едно од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
МЗ: 83% од починатите од ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79 отсто, додека само 21 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани… За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина“, велат од Министерството за здравство.
И. Т. З.