ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Дембелана

Елита? Слободно опцујте сега, заслужуваат. Знаете што имаат заедничко? Незнаењето и ароганцијата. Едното го храни другото и само растат – и незнаењето и ароганцијата. И тие учествуваат во создавање на политичката култура во оваа земја. Среќа што не се единствените. Има оваа земја луѓе високо качени над мочуриштето што го создаваат овие мрцини

October 15, 2021 15:00
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Непосредно пред локалните избори, имам потреба да напишам и нешто како граѓанин, а не само како автор, присутен во медиумите, и учесник во изборниот мониторинг. Ќе го искористам моето право како граѓанин, да го изнесам моето сопствено мислење, во ноќните часови, вон работното време, кое денеска (15 октомври) ми траеше многу пократко од претходниот ден – „само“ 13 часа.

Во само неколку кратки цртички…

Тешка мрза

Со години наназад ја гледам таа тешка мрза кај сѐ поголем голем дел од политичките, интелектуалните и медиумските кругови. Да, мрза. Мрза да научат нешто повеќе за тоа што се случува во општеството и во светот. По долгото самозадоволно гледање во сопственото огледало, потонати во неинформираност и незнаење за светот околу нив, тие станале арогантни и цинични кон сѐ околу нив. Одбиваат да се мрднат од дното на тоа млако мочуриште што сами го создале и се трудат да го прошират насекаде околу себе, да ја потопат целата паланка во која живеат.

Лицемерие, умисленост и комплекси

Некое време, мислев дека за тоа е виновен (само) режимот на Груевски. Ми требаше доста време да сфатам дека простачкиот, криминален „поредок“ што го воспостави криминалната Фамилија им беше само уште еден извонреден изговор на квази интелектуалците и политичките (и бизнис) опортунисти да ја негуваат приземноста и примитивизмот.

И да заглават во бескрајно лицемерие, умисленост и комплекси. Да создаваат што е можно потесни кругови и да се обидуваат на другите да им се продадат како елита. Мали, глупави и гротескни кругови кои меѓусебно се потценуваат, озборуваат и презираат, но секако меѓусебно се признаваат дека се елита. Каква паланка е тоа!

Цицање пари

Цицаат парички од високобуџетни проекти кои никогаш не успеваат и не биле предвидени да успеат. Разни лица имаат. Партиски, медиумски, академски, тинк-тенковски, уметнички, активистичко-енџиовски, естрадни, бизнис, туристички… па разни комбинации од сите заедно… Важно, да се вртат пари. А парите за што им служат? За да се обезбеди што е можно потешка завеса околу нивната мрза, ароганција, комплекси и незнаење.

Закржлавени духови

Со две-три финти и стилски фигури го поминуваат целиот живот. Мозокот и духот им се закржлавени. Нема ништо вредно за почит во нив и во сѐ што направиле во текот на целата своја лажна кариера. Буквално ништо.

… професори, академици, поети, музичари и писатели покриени со пајажината на заборавот од почетокот до крајот на животот… незнајковци, грубијани и простаци кои цел живот се на функција (политичари)… бизнис (не)луѓе кои ништо сами не заработиле во животот… новинари, уметници, уредници, филмаџии, експерти за цврстината на срамните влакна, свештени лица без образ, без’рбетни „херои“… искомплексирани фашистчиња што се продаваат како патриоти… приглупи буржуи, итри селанчиња и паланечки помодари… елита. Елита? Слободно опцујте сега, заслужуваат. Знаете што имаат заедничко? Незнаењето и ароганцијата. Едното го храни другото и само растат – и незнаењето и ароганцијата.

Има оваа земја луѓе

И тие учествуваат во создавање на политичката култура во оваа земја. Среќа што не се единствените. Има оваа земја луѓе високо качени над мочуриштето што го создаваат овие мрцини.

Обични апаши. Живеат врз грбот на луѓето со поколенија, од поствоените национализации, до тешкиот грабеж во првите години на транзицијата и военото профитерство од постјугословенската кланица.

Имаат уште нешто заедничко овие ненаситни дембели: завидливост. Тоа им помага да опстанат и да му напакостат на секој што вреди, што е скромен и што со труд и борба постигнува нешто во животот – за себе и за другите. Прво го користат секој таков, а потоа го распнуваат на првиот крст.

Биволици и биволи

Тапоглави биволици и биволи што остануваат само на површината од тоа што може да значат поимите од чија (зло)употреба живеат.

… цивилизација, демократија, култура, уметност… зелени вредности, мултикултурализам, социјална правда… антинационализам, прогресивност, хуманизам и хуманост…

Ништо не знаат за тоа, ништо не чувствуваат за тоа. Попрво, длабоко во себе ги презираат сите човекови достигнувања на умот, духот и науката.

Но знаат како на најбрз и најлесен начин да се доберат до позиција и да проживеат еден живот во материјално изобилство, продавајќи вредности кои не ги разбираат, не ги практикуваат и не се согласуваат со нив.

Страста не ја разбираат. Тоа за нив е само физичка дразба во средниот дел од телото.

Кога во едно општество доминираат овие креатури, не само што ништо нема да се помрдне, туку сѐ ќе стагнира и ќе се уназадува. Залудни ќе бидат, донкихотовски, борбите. Залудна ќе биде таа искрена, посветена и напорна работа за добробитта на луѓето. Тие знаат дека мораат да победат, бидејќи поразот за нив ќе значи исчезнување на привидот – нивното незнаење и ароганција ќе бидат разобличени.

Одлична публика – „разочараните“

А имаат одлична публика. „Разочараните“. Знаете што?

Преку глава ми е од оние што одвај чекаат да се разочараат од сѐ. Така им е полесно да ја прикријат сопствената неспособност и недоветност. И сите што молчат и слегнуваат со рамениците.

Одете сите по ѓаволите. Дембелана. Без доблести и вредности.

 


Текстот е личен став. Дозволено е преземање, според лиценцата Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk