ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димковски: Заврши третата и последна фаза исплати за корисниците на финансиска поддршка за земјоделство

Преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сточарите во земјава им се исплатени 222 милиони денари и со тоа е завршена третата и последна фаза исплати за сите корисници на финансиска поддршка според програмата за земјоделство, инфрмираа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата Николче Бабовски при денешната посета на битолското село Логоварди, во чиј атар се наоѓа современ објект-карантин за јуници

December 25, 2019 14:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сточарите во земјава им се исплатени 222 милиони денари и со тоа е завршена третата и последна фаза исплати за сите корисници на финансиска поддршка според програмата за земјоделство, инфрмираа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата Николче Бабовски при денешната посета на битолското село Логоварди, во чиј атар се наоѓа современ објект-карантин за јуници, пренесе МИА.

За време на посетата во Логоварди задно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, министерот Димковски разговараше со пелагониските сточари кои ги користат мотивирачките мерки за набавка на јуници и производство на квалитетно млеко.

-Годинава направивме промени при аплицирањето за приплоден добиток, односно јуници со висок генетски потенцијал, но и за дел од овчарството и козарството. Со мерката ќе бидат увезени околу 1.600 јуници од Германија, Унгарија, Чешка или други држави избрани од страна на земјоделците. За оваа мерка буџетот е значително зголемен и годинава ќе се вложат 2,5 милиони евра, средства обезбедени од државата преку Програмата за рурален развој, а ќе вложат и сточарите се со цел да се добие добар генетски потенцијал и да го развиваме сточарството, истакна Димковски.

Тој додаде дека за МЗШВ голем предизвик се следните чекори за тоа како да се одржи овој генетски потенцијал и да се зголеми количеството на произведено млеко и квалитетно млеко.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со земјоделците потпишаа 68 договори во вредност од 135,5 милиони денари со што може да се увезат 1.460 грла говеда од расата холштајн, симентал, абердинангос, а исто така ќе се узвезат и 1.133 грла овци од расата асаф, информира директорот Николче Бабовски.

-Овозможуваме формирање на матични стада со висок генетски потенцијал, а тоа се инвестиции кои даваат долгогодишен резултат. Преку програмите и мерките што ги спроведуваме, ние како Агенција создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на домашното производство на млеко и месо, а со тоа обезбедуваме суровина за млекарството и за месната индустрија, нагласи Бабовски.

Процедурата за здравствена заштита на увезениот добиток ја врши Агенцијата за храна и ветеринарство преку интегриран систем на контроли, потсети директорот Зоран Атанасов за време на денешната посета на битолско Логоварди.

– Со спроведувањето на интегрираниот систем на контроли врз принципот „од фарма до трпеза“ или „од нива до трпеза“, Агенцијата овозможува на пазарот да има безбедна храна. При спроведувањето на овие мерки, пред се насочени кон домашното производство, но и за увозот на суровини, се спроведува и мерката карантин која се однесува на увезен добиток. Во таква ситуација животните се изолираат, надгледуваат и тестираат од евентуални зарази или болести кои може да го загрозат здравјето на животните, но и здравјето на луѓето. Мерката карантин е целосно спроведена, за две недели ќе ги имаме комплетните резултати и со оглед дека животните се здрави, тие ќе бидат предадени на сточарите, истакна Атанасов.

Next Post

(Видео) Австралија: Пожарите однесоа девет животи, уништени 950 домови, а огнот уште гори

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk