ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Четири скопски општини добија градоначалници, поскапеа горивата, говор на омраза по етничка и политичка припадност

October 18, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Шилегов очекува победа во вториот круг. Покрај кршењето на изборниот молк, во вчерашниот ден е забележан и говор на омраза по етничка и политичка припадност. Четири општини добија градоначалник.

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 31 градоначалник од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност. Се уште не се обработени 100 отсто од гласовите за општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Ресен и Центар, како и за Градот Скопје.

Бочварски утре ќе престојува во работна посета на Софија каде што ќе потпише меморандум за трилатерлна соработка за развојот на одржлива патна и железничка инфраструктура на Коридорот 8. Потписници  на меморандумот покрај Северна Македонија се и Бугарија и  Албанија.

Вчера имавме успешен демократски ден и празник на демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прва прес-конференција во кампањата за вториот круг од локалните избори.

Четири скопски општини, според досега објавените податоци од ДИК, добија градоначалници во првиот круг од локалните избори. Во Бутел во првиот круг за градоначалник е избран Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, во Гази Баба е избран Бобан Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ. Во Кисела Вода во првиот круг за градоначалник е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,53, а во Сарај старо-нов градоначалник е Блерим Беџети од ДУИ со 73,10.

Константин Георгиески, кандидатот на Коалицијата предводена од СДСМ и се уште актуелен градоначалник на Охрид, на својот фејсбук профил се огласи во врска вчера одржаните Локални избори, притоа најавувајќи дека нема намера да се откаже од борбата за втор мандат.

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата им се заблагодарува на сите граѓани од општина Центар која му ја дадоа поддршката и довербата во првиот круг на Локалните избори 2021 година, информираат од СДСМ. Одиме на победа во вториот круг, порача тој.

ФРОНТ

Народот без филозофија, без свесна историја, интелектуално мек, духовно страшлив, народот кој што ужива во чесната и честитата уметност, што самиот си ја проектира, распекмезен народ на лирски стихоклепци, на фолклористи, пијанисти и глумци, тоа е мојот народ… пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Во текот на вчерашниот ден, покрај тоа што се кршеше изборниот молк, на социјалните мрежи доминираше и говорот на омраза. На Твитер е објавена фотографија од извесен профил Султана која сподели фотографија од прилепски Роми, поддржувачи на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Сугарески со коментар: „Колку вреди во евра сликава“. Дел од коменратите се: „циганарија“, „циганин сам ал најлепши“, „не знам колку вреди ама знам колку смрди“, „5 евра по ѓуптин“…

ИНФОПИТ

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76,50 денари, а 78,50 денари  на ЕУРОСУПЕР БС -98. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 68,50 денари, а 68 денари Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,249 денари по килограм и ќе изнесува 43,010 денари за килограм.

ПРАВДА

Согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на Основниот кривичен суд Скопје, како и во Одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите, информираа денеска од Кривичен суд. Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”.

ПАНДЕМИЈА

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 16 октомври вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани.

РЕГИОН

Новата академска 2021/2022 година, во Албанија, почна денеска, но, во тензична ситуација на повеќето факултети, поради условот за влез студентите да поседуваат сертификат за вакцинација или негативен тест на Ковид-19.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk