ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов: Ги обединуваме сите демократски сили за победа

October 19, 2021 16:19
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Во првиот круг од изборите за градоначалник на Скопје учествуваа дури дванаесет кандидати, секој со своја визија за развојот на градот. Драго ми е што со повеќето од нив имавме слични проекти и размислувања како Скопје треба да продолжи да се развива. Верувам дека граѓаните кои ги поддржаа нив во првиот круг ја поддржуваат политиката на напредок и развој која ние веќе четири години ја спроведуваме, со овие зборови ја започна денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

– Од денес започнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје. Подавам рака до сите граѓани, политички партии и организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива она како што почнавме, дека Скопје мора да остане град каде граѓаните одлучуваат и дека Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој, нагласи Шилегов.

– Скопје е слободарски и прогресивен град и така мора да остане. Јас силно верувам дека граѓаните ја препознаваат позитивната промена која ја направивме во Скопје за само четири години. Дека го препознаваат и вреднуваат трудот кој го вложивме а верувајте не беше лесно. Скопје од град во целосна стагнација во развојот за кратко време конечно тргна напред. Јас верувам дека вие граѓаните ја препознавате храброста и визијата плански и стратешки да вложуваме наместо популистички празно да ветуваме, порача Шилегов.

– Затоа, само заеднички може да го продолжиме ова што го започнавме. Скопје има сила само во единството, само во обединувањето на сите оние кои го гледаат нашиот град во заедницата на модерни, развиени градови на Европската унија. На Скопје му треба сила која обединува, а не дели, сила на просперитет, а не на лаги и митови. Со обединување на сите демократски сили Скопје ќе расте во единствена коалиција, со граѓани кои ќе учествуваат во одлуките за сите важни проекти преку системот на директна демократија, додаде Шилегов.

– Јас како градоначалник на Скопје ќе бидам само еден од вас во донесувањето на сите важни одлуки за заедничката иднина. Политиката мора да им служи на граѓаните. Тоа е платформата на која ги повикувам сите гласачи и политички партии кои го имаат Скопје во срцето масовно да излезат на изборите за победа, продолжи Шилегов.

– Ова се избори за Скопје и иднината на нашиот град и тоа не смееме да го заборавиме. Ова се избори на кои бирате како Скопје треба да продолжи напред и за тоа во каков град сакаме да живееме. И ништо друго. Сите вие кои во првиот круг решивте од кои било причини да не излезете на гласање, ве повикувам на 31 тоа да го направите, повика градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Next Post

Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир, а лекот сотровимаб веќе е во упoтреба

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk