ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов: Со поддршка од вас граѓаните Скопје ќе продолжи да се движи во вистинска насока

October 20, 2021 16:20
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов смета дека политичкиот сигнал што го испратила коалицијата ЛДП-ДОМ е дека остануваат во политичкото мнозинство, поради што очекува поддршка од нивните поддржувачи. Побара и силна поддршка од сите граѓани во вториот изборен круг, за, како што рече, Скопје да продолжи да се движи во вистинска насока, пренесува Канал5.

-Политичкиот сингал кој што го пратија ЛДП и ДОМ е сигнал кон сите граѓани дека остануваат во политичкото мнозинство. Не мислам дека е пристојно да се бара од било кој граѓанин или да се насочува кому ќе го даде својот глас затоа што тоа е индивидуално право на секој од нив. Очекувам дека добар дел од тие луѓе ќе сакаат овој град да не застане и да го градиме заедно, рече Шилегов.

Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат и обединуваат, потенцира тој, не смее да запре, а изградбата на европско и урбано Скопје мора да продолжи.

-Вие граѓаните сте силата на овој град и вие одлучувате во каков град сакате да живеете иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста заедничка цел, силно единствено скопје во кое се живее достоинствено Ајде да се обединиме за за модерен град кој вложува во иднината, а не во минатото. Да дадеме поддршка на Скопје кое ги поддржува младите да градат семејство тука и тоа силно вложува во здрава иднина чист воздух и модерна инфраструктура, рече Шилегов барајќи од граѓаните на Скопје поддршка за втор градоначалнички мандат, по увидот на eдна од локациите каде што се гради улицата „Есенинова” која ги поврзува булеварите „Борис Трајковски” и „Трета македонска бригада”.

Шилегов рече дека со поврзувањето на двата булевара трасата од локацијата Чешма во Кисела Вода со Сајмиште во Гази Баба ќе биде скратено од осум на два километра, а патувањето со возило ќе биде скратено за 15 минути.

-За да се стигне на овие две места мора да се вози или преку булеварот „Србија” или од кај Тутунскиот комбинат, каде пак, се создава голем сообраќаен метеж. Новата улица ќе го растовари метежот, а воедно многу ќе се скрати патувањето, рече актуелниот градоначалник.

Ова е трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода.

-Булеварот „Трета Македонска Бригада” е долга повеќе од 2,5 километри и има само две поврзаувања со Кисела Вода и тоа кај булевар „Србија” со булеварот „Борис Трајковски”, а второто кај Тутунски комбинат каде се создава голем метеж. Со изградбата на оваа улица и таканареченото тесно грло ќе го растовариме сообраќајот на начин што ќе го скратиме движењето и нема да мора да се оди на тутунски и тој метеж таму ќе се преполови, рече Шилегов.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk