ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Герасимовски: Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел – нашата општина да продолжи напред

October 21, 2021 12:38
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата им порача на граѓаните дека општина Центар е срцето на градот и лулка на демократијата во нашата земја, а неговите сограѓани центарци секогаш избираат одговорна, транспарентна и демократска власт која ќе работи само во нивни интерес.

„Граѓаните во мојата општина покажаа заби и први му се спротиставија на ВМРО-ДПМНЕ кое преку насилство, поткуп и влечење луѓе за уши сакаше да го поништи нивниот избор во 2013 година. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ многу се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното уништување и дивеење во општината. Се лажат дека е заборавен криминалот тежок една милијарда евра кој го правеа преку грбот на граѓаните уништувајќи им ги населбите, маалата и Водно. Центарци не заборавија како ВМРО-ДПМНЕ менува ДУП-ови во три часот наутро“, порача Герасимовски во денешното видео на социјалните мрежи.

Тој истакна дека чесно, отчетно и транспарентно работење е негова одлика и затоа како иден градоначалник нема да отстапи ниту една педа од интересот на граѓаните во општина Центар.

„ Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на сите проблеми во општината. Центар секогаш бира демократска и одговорна власт и верувам дека тоа и на овие избори ќе го потврдиме. Центар не смее да се враќа назад и сигурен сум дека тоа нема да го дозволите. Изборот е јасен. Бираме дали сакаме власт која слуша и одговорно владее или пак власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која докажано работеше и ќе работи спротивно интересите на нас центарци“, изјави Герасимовски.

Тој ги повика граѓаните но и оние кои гласаа за другите кандидати обединети да излезат на гласање во вториот круг затоа што верува дека сите се борат за иста цел, а тоа е Центар да го води способна, демократска и одговорна власт, изјави Герасимовски притоа истакнувајќи дека од гласот на народот зависи во каква општина ќе продолжат да живеат.

„Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел – нашата општина да продолжи напред!“, порача Герасимовски.

Next Post

Кондовски: Бесплатен интернет во секое битолско училиште

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk