ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го саботира процесот на преговори, граѓаните се чуварите на иднината и тие одлучуваат каква ќе биде иднината на државата

October 22, 2021 20:52
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

И додека останатите негови колеги и Владата го демантираат, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го саботира процесот на преговори,Поради честите бегања од дебати, Петре Шилегов ја повика неговата противкандидатка Данела Арсовска да се појави заедно со Шилегов да дебатираат, каде сака таа. Истражувањето продолжува, АКСИОС 2017 не само што се непостоечки набљудувачи, туку и се анкетари. Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог

ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ја прими Генералната секретарка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Хелга Шмид, која денеска и утре е во посета на нашата земја.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари. Тоа значи зголемување од четири проценти во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Зголемување на просечната нето плата е регистрирано и во однос на  јули годинава, кога платата изнесувала 28.540 денари, информираат од владината прес-служба.

Денес започнуваме со асфалтирање на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков. Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри.

Владата соопшти дека во ниту еден момент ниту се мешала, ниту имала какво било политичко влијание во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија и дека „напротив, секогаш ја поддржувала нивната работа, како научници кои сами, заеднички двете страни, ги утврдија своите принципи на работа“.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска заедно со Михаела Матуела од Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и проширување, надлежна за Северна Македонија и Албанија, копретседаваше со годишниот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет, како највисоко тело во рамки на користењето на ИПА фондовите.

И додека останатите негови колеги и Владата го демантираат, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го саботира процесот на преговори меѓу двете земји и да го загрози процесот за влез на Северна Македонија во ЕУ  повикувајќи ги и останатите членови да поднесат оставки.

Граѓаните се чуварите на иднината и тие одлучуваат каква ќе биде иднината на државата, изјави премиерот Зоран Заев на вчерашната дебата во Клик плус на ТВ21 .

Џабе фрлени пари, беа коментарите поради лошите искуства на гласачите со електронските читачи на отпечатоци на прсти за време на локалните избори во неделата, пишува Милорад Стојмановски за Слободен печат.

Александар Митовски од Инфомакс, во гостувањето кај Јанко Илковски на ТВ Сонце на 20.10.2021, меѓу другото, изнесе и невистини за набавките за Зоолошката градина. Митовски рече дека се правела „фонтана за пингвини која што кошташе 2 милиони евра“.

Покрај здравствените ризици кои ги донесе пандемијата на Ковид-19 во изминатите 2 години, силно беа погодени економијата и семејните буџети на граѓаните. Затоа, Град Скопје подготви пакет од силна финансиска поддршка за сите групи граѓани. Скопје е град на солидарноста и како таков се грижи за сите, а парите на граѓаните да ги враќа онаму каде се најпотребни.

Заев – Шмид: Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 е признание за политиките на соработка и дијалог. На средбата е поздравен придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која дава поддршка и помага изминативе години да се спроведат реформските процеси.

Северна Македонија од 1 јануари влегува во тројката на претседавачи на ОБСЕ, заедно со Шведска и Полска. Очекуваме исполнета и конструктивна агенда и успешно претседавање во 2023 година. Претседавањето со организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјата во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен придонесувач во зачувување на мирот, стабилноста и соработакта, изјави Османи.
МИА

(ВИДЕО) Заев: Граѓаните се чуварите на иднината и тие одлучуваат каква ќе биде иднината на државата. „Откако ќе се одберат членовите на Владата, пратениците, градоначалниците, советите, 4 години одговорноста е кај нив. Сега гајлето за изборите е кај граѓаните“, рече Заев во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21.

ИЗБОРИ

Значи Мицковски признал дека е тесно политички потег инициран токму од ВМРО-ДПМНЕ на една недела пред изборите и мешање во работата на Комисија којашто е стручна. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да ја има можноста да дојде до шанса да ја води државата со истите методи и со истите принципи на владеењето од Никола Груевски, заради тоа што е истото, нереформирано, неорганизирано, со иста понуда на кадри на политики коишто водат назад.

Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, не се појави на за синоќа закажаната ТВ дебата на Канал 5, во која требаше да се соочи со Петре Шилегов. Со тоа, таа ја продолжи старата практика на ВМРО ДПМНЕ, односно, кога немаш решенија, аргументи или проекти, кога пораките се само евтин популизам, не се оди пред оние кои треба да те изберат.

На неколку денови пред вториот круг од локалните избори, овде од Битола испраќаме порака на обединување. Обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци, за да продолжи развојот на општините, порача денеска од Битола генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

ФРОНТ, ЕSPRESSO, РЕНДГЕН

Комшијата, Оливери, малку музика, твитови и Нетфликс… Кога, ете ти го комшијата, ми праќа видео исечок од еден празноглавец на ТВ Оливери. Заспаа моите, ќе го гледам сабајле, ако не е итно“ – му одговорив. Плиток ми е изговорот, тој знае дека до себе секогаш имам слушалки, пишува Џабир Дерала во најновото еспресо.

 

За Витешкиот медал од Редот „Клоца в газ“. Повоениот изборен дебакл на Черчил би требало да им е поука на сите политичари дека во демократиите, кога гласачите ќе застанат зад параванот за гласање, повеќе се заинтересирани за она што проценуваат дека им ја носи догледната иднина, отколку за славното (или мизерно) минато на кој било од лидерите што ги предводат изборните листи, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.

(ВИДЕО) Александар Митовски од Инфомакс со „кратки нозе“ за фонтана за пингвини. Оваа дезинформација потсетува на легендарната сараевска Топ листа надреалиста, во која се правеа измислени вести, кои беа сосем спротивни од она што се случуваше во реалноста. И таму еднаш се зборуваше за немири во Шведска во кои настрадале ескимите и пингвините.Бранејќи ги европските вредности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk