Истакнатиот уметник и активист Зоран Кардула, е мета на шовинистички навреди на социјалните мрежи.
Како што може да се забележи од снимките од екран што Кардила ги објави, се работи за две негови објави каде е вулгарно навредуван.
За неговиот пост објавен на Фејсбук, што го пренесе и Фронтлајн, во кој Кардула реагираше на вулгарниот говорот на омраза и заканите од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и потсети: „Очигледно брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие кон сите кои не беа со нив за време на нивното владеење. Не успеаа да еволуираат ни педа за овие години!“, е навредуван со експлицитен говор на омраза.
Другите навреди се за твит со кој уметникот одбележува 85 години од формирањето на антифашистичките интернационални бригади.
Кардула во објава на Фејсбук вели дека навредите се од членови на левица и вмро, дел од нив избрани се и за советници.
„На еден пост со кој се одбележува 85 години од формирањето на антифашистичките интернационални бригади станав мета на напад, објави уметникот и активист Зоран Кардула. Слободоумни и прогресивни луѓе не може да реагираат на антифашизам! Навредите се од членови на левица и вмро, дел од нив избрани се и за советници. Ова е само мал дел од вуларностите, а ги има многу. Не им беа доста нападите кон мојата личност па се свртеа и кон мојата етничка припадност која е типично националистичка и фашистичка реторика. Иначе до толку се необразовани што не знаат дека Република во постот се однесува на Шпанската република.“, пишува графичкиот дизајнер, уметник и активист Зоран Кардула.
Ј. Ѓорѓиоски