ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Котлар со агресивен тон кон Герасимовски, Кардула мета на шовинистички напади, вакцинирани се над 800.000 граѓани

October 23, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“. Наташа Котлар со агресивен и висок тон кон Горан Герасимовски се обиде да ја преземе дебатата на „Само вистина“. Заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800.000 граѓани. Од извештајот на ЕК:  Законот за енергетика е целосно усогласен со Директивата за обновливи извори на енергија. Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи.

ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА

По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, Владата на Република Северна Македонија организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.

Горан Герасимовски откако ги потенцираше нереалните ветувања од програмата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар, таа со агресивен и висок тон му упадна во збор и се обиде да ја преземе дебатата на „Само вистина“ на Канал 5.

Законот за енергетика е целосно усогласен со Директивата за обновливи извори на енергија се наведува во извештајот од Еворпската комисија. Земјата презеде значајни чекори за усвојување на Петгодишна програма за имплементација на Стратегијата за развој на енергетиката и интегриран Национален план за енергија и клима, насочен кон декарбонизација, што се позитивни чекори за имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан.

Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени Европската Комисија. Земјата ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО), се наведува во извештајот.

ПАНДЕМИЈА, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО

Последните податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800.000 граѓани, односно 767.800 граѓани се ревакцинирани. Воедно, над пет илјади граѓани примиле трета анти ковид доза на вакцината.

Истакнатиот уметник и активист Зоран Кардула, е мета на шовинистички навреди на социјалните мрежи. Навредите се од членови на левица и вмро, дел од нив избрани се и за советници. Ова е само мал дел од вуларностите, а ги има многу.

Бизарни претставки до АХВ – пензионерка онлајн порачала машина за везење, но добила две платнени маски. Ми мириса во влез на печено месо и пржени компири, јастребот на соседот ми ги усмртува гулабите, да дојдете да го отстраните осилото од дрво во Градски парк зашто се плашиме и не можеме да се релаксираме, бездомните кучиња гласно лаат, не вознемируваат, не можеме да спиеме…

СВЕТ

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека планира да ја започне својата мисија „Артемида еден“ во февруари. Тоа го означува почетокот на американската програма за враќање на мисии на Месечината.

Американската администрација планира на 15 декември да објави нови материјали поврзани со атентатот во 1963 година врз 35-от претседател на САД Џон Кенеди, соопшти прес-службата на Белата куќа.

AP Photo/Jim Altgens,

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, ја благослови следната германска коалициска влада, изјавувајќи дека очекува „мирно да спие“ со социјалдемократот Олаф Шолц како нејзин заменик.

Европската унија нема да финансира „бодликава жица и огради“ на границата за да го спречи доаѓањето на мигрантите, како што бараат дванаесет земји, вклучувајќи ги Литванија и Австрија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

J. Ѓ.

Next Post

За осоколените суруши на омразата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk