-Не сум бил на ваков настан и изгледа импресивно, 30 години работам како кулурен уметник, со над 250 изданија од македонски автори, претставник сум на прогесивната и алтернативна култура, бидејќи не сме дел од македонската естрада, го започна својот говор продуцентот и музичар Мирко Попов на трибината на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.
-Од позиција на културен работник кој се обидува да опстане 30 години на оваа сцена во земјава, доста често доаѓам во конфликт со власта и сум сведок и учесник на сите власти и многу често сум опозиција бидејќи сум во конфликт со нив, овде сум да разговарам за конфликтот со нашиот градоначалник Петре Шилегов, тој мене и мојот тим не прими, дискутиравме, но добро се разбравме и исходот беше за општо добро, дополни Попов.
Тој посочи дека неговото искуство и неговите интереси се онакви како она со градоначалникот Шилегов, бидејќи и покрај конфликтите добор е да се има разбирање со властите.
-Тој е еден од ретките што има слух и трпение и има доблест да разговара со луѓето кои се на маргините на општеството, а проблемите кои ги имаме се токму поради тоа што културата е ставена настрана, се надевам дека во иднина токму тој како и премиерот Зоран Заев ќе продолжат во таа насока бидејќи културата е тоа што ќе не извлече од калта, појасни Попов
-Шилегов гради улици, патеки, вело-патеки, гради улици на двете страни на Вардар, не сакам да ги размазувамнашите политичари но сакам да го поддржам да продолжи со градските проблеми, можеби и затоа заборави на политиканството, но сепак треба да работи и да ги решава проблемите на обичните луѓе за да биде добро за сите, појасни Мирко Попов.