ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Георгиевски со новиот градоначалник на Гази Баба – Ја наследив со 2 милиони евра долг, ја предавам без долгови

Би сакал на Бобан да му честитам за добиената доверба да ја води општина Гази Баба во следниот мандат. Како што многупати имам разговарано со секој од вас, дозволете ми и овде повторно да кажам дека со мене знаете на што сте. Јас останувам и понатаму посветен на Општина Гази Баба бидејќи мене не ми е потребна функција за да продолжам со реализација на визијата за модерна и успешна Гази Баба!, пишува во објавата на Георгиевски. 

October 25, 2021 13:10
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Денеска му ја предадов функцијата на новиот градоначалник на #ГазиБаба, Бобан Стефковски.
Во оваа прилика би сакал само да потсетам дека пред четири години општината ја наследив со повеќе од 2 милиони евра долг, без проекти и можност за блокирање на сметката. За разлика оттогаш, денеска општината ја оставам со повеќе од 3.250.000 евра приходи на сметката и без долгови, напиша доскорашниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски.

– изградбата на новата сала за ООУ ,,Кирил и Методиј”
– изградбата на велосипедската патека од Мецедес до Јурумлери
– изградба и реконструкција на повеќе од десетина улици
– изградба на сервисната инфраструктура за Скопје Ист Гејт
– довршување на вакуум канализација во Јурумлери
– доизградба на фекална канализација во Гоце Делчев, Смилковци, Трубарево, Црешево и Попово Маало
– изградба на новата административна зграда за општина Гази Баба
– доизградба и комплетно завршување на комунална и сообраќајна инфраструктура за населбата Хиподром 2
– започнување со проектот за СМАРТ осветлување и реконструкција на целиот систем за улично осветлување
–продолжување на проектот за покривање на каналот и изградба на плоштад во Синѓелиќ
– изградба на отворен канал за атмосферски води на улица 6 Антон Велковски во Стајковци
– дополнително и проектите за 4 нови градинки во Синѓелиќ, Трубарево, Иниково и Ќерамидница.
– проектот за новата училишна зграда на ООУ ,,Крсте Мисирков”.
– проектот за реконструкција на Домот за култура 11-ти Октомври во Ченто
Ова се само дел од реализираните, како и новозапочнатите проекти за граѓаните на Гази Баба кои сум убеден дека новиот градоначалник е потребно брзо и успешно да ги заврши бидејќи сите до еден се за доброто на нашите сограѓани.
На крајот, дозволете ми уште еднаш да ви се заблагодарам на сите за укажаната чест во изминатите 4 години да бидам градоначалник на Гази Баба.
Би сакал на Бобан да му честитам за добиената доверба да ја води општина Гази Баба во следниот мандат.
Како што многупати имам разговарано со секој од вас, дозволете ми и овде повторно да кажам дека со мене знаете на што сте. Јас останувам и понатаму посветен на Општина Гази Баба бидејќи мене не ми е потребна функција за да продолжам со реализација на визијата за модерна и успешна Гази Баба!, пишува во објавата на Георгиевски.
Next Post

ДИК со укажување до ОИК и ИО да им овозможат пристап на медиумите и набљудувачите во гласачките места

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk