ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Шилегов: Планетариумот на МКЦ го опремуваме по најновите технолошки стандарди, Скопје мора да продолжи напред

October 26, 2021 14:31
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Скопје мора да продолжи напред со создавањето на квалитетни услови за образование на нашите деца, нашите најсакани, но и за сите оние кои се во потрага по нови знаења. Омиленото место на вљубениците на вселената во Скопје и местото каде децата од цела земја се запознаваат со основите на астрономијата го опремуваме со современа техника и вршиме целосна реконструкција на просториите, обнова на ентериерот и системот за вентилација. Со оваа капитална инвестиција, МКЦ гордо ќе се носи со другите сродни европски центри, и ќе биде репрезент во 2022 година која е прогласена за Година на Европската младина, со овие зборови градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прес-конференција.

– Планетариумот на МКЦ местото каде што преку 50 генерации граѓани од целата држава учеа за вселената, сончевиот систем, галаксиите … единствениот Планетариум во државата функционира повеќе од 50 години, со дотраена машина, со поголема музејска отколку оперативна вредност. Заради пандемијата и немањето соодветна вентилација како предуслов за одржување на настани во затворен простор, Планетариумот беше затворен скоро две години, изјави Шилегов.

– Пред пандемијата Планетариумот функционираше во полн капацитет, со организирани посети на ученици од основните и средните училишта од целата држава. Покрај организираните посети на учениците, Планетариумот беше отворен за сите заинтересирани како и за специјализирани предавања за стручната јавност. Од 2018 година, Планетариумот во МКЦ работи со нов, динамичен тим на едукатори чии термини за предавања беа денови однапред резервирани, додаде Шилегов.

– Во следните 4 години Скопје добива целосно обновен Планетариум кој преку своите дигитални и оптички можности, покрај едукација и проширување на знаењето за астрономијата, овозможува и презентации за океанографија, климатски промени и други значајни теми за Земјата и вселената, нагласи Шилегов.

– Новиот Планетариум овозможува и адаптирање на самите предавања и презентации за разни целни групи – од предавања за претшколска возраст, до стручни предавања. МКЦ како институција која нуди едукативни и културни содржини за младите мора да зачува ја дејноста на Планетариумот. Преку набавка на нова машина за презентација, како и адаптирање и осовременување на просторот и содржините кои тој ги нуди според последните технолошки и дигитални трендови во образованието, Планетариумот ќе ја задржи смислата на своето постоење – да понуди квалитетни едукативни содржини за младите, но и за сите генерации, продолжува Шилегов.

– Новиот Планетариум се опремува е во целосна согласност со новите реформи за дигитализација во образованието, како и адаптација на факултативните едукативни содржини согласно најновите светски технологии. Затоа предвидовме и воведување на технолошки решенија за следење на самите предавања на повеќе јазици (македонски, албански, турски, ромски, англиски и др.). Ова е посебно важно за полесно разбирање и следење посебно кај најмладите посетители, но и отворање кон странските посетители и жители во нашата земја, потенцираше Шилегов.

– За сето ова да стане реалност во недела е потребен е вашиот глас. Ајде да се обединиме за прогресот на Скопје. Секој глас е важен. Секој глас одлучува. Да не дозволиме Скопје да се врати назад и наместо да вложуваме во едукација и образование, да трошат на камен, стиропор и бронза. Вие одлучувате. Скопје мора да продолжи напред. Нашите деца, сите ние го заслужуваме тоа, повика Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Next Post

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.589.004 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk