На денешната прес конференција Славјанка Петровска ја објави личната карта на Данела Арсовска издадена од бугарските власти. Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија а при тоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема, нагласи Петровска.
„Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство, за што постои и документ, односно уверение. Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ, ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.
Бугарско државјанство, бугарско лична карта на Арсовска. Со број, со датум на раѓање, потпис, со адреса во градот Петрич, која е сè уште е важечка. Ова лична карта на Арсовска е издадена на 5 мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април, и насилниот упад во собранието“, изјави Петровска.