Бугарка вербално линчувана во Скопје е насловот во софиски „Труд“, во текст посветен на случајот со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а за која СДСМ објави документи кои, според владејачката партија, се доказ дека таа има бугарско државјанство, пренесува 360 степени.
Ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари, се наведува во статијата.
„Актуелниот градоначалник на главниот град, Петре Шилегов, кој кај нас стана познат по тоа што е антибугарин и по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија, в недела ќе се соочи со независниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска. На огромен екран зад говорницата на Петровска беше прикажан Указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари“, пишува бугарски „Труд“.
Во меѓувреме, денеска, на прес-конференција Славјанка Петровска ја објави и личната карта на Данела Арсовска издадена од бугарските власти.
„Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство, за што постои и документ, односно уверение. Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ, ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти.
Бугарско државјанство, бугарско лична карта на Арсовска. Со број, со датум на раѓање, потпис, со адреса во градот Петрич, која е сè уште е важечка. Ова лична карта на Арсовска е издадена на 5 мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април, и насилниот упад во собранието“, изјави Петровска.
Арсовска во гостување на 24 ТВ во однос на бугарското државјанство, рече дека е разочарана и срамота што излегуваат со небуолиз