Напуштениот Украински град Припјат, беше збогатен со новогодишна елка за прв пат после нуклеарната катастрофа во Чернобилската Нуклеарна Централа, пренесе Слободен печат.
„Поранешни резиденти на градот присуствувале за време на церемонијата и го декорирале дрвото со орнаменти и фотографии“, изјавува Украинскиот ZIK TV канал.
Дрвото било поставено во центарот на градот пред Кулата на културата „Енергетик“ од туристички компании специјализирани за патувања во зоната на исклучување во Чернобил.
Ова лето Украинскиот претседател Владимир Зеленски, потпиша извршна наредба на отстранување бројни забрани во однос на зоната за исклучување, особено правејќи „зелен коридор“ за туристи. Тој исто така и нареди на својата влада да преземе мерки за ослободување на туристичкиот потенцијал за Чернобил. Според Зеленски, неговата наредба е за да „започне почеток на трансформација на зоната на исклучување во една од точките за раст во нова Украина“.
Украинската државна агенција за управување со зоната на исклучување има развиено водни патеки за посета на зоната патувајќи по реките Припиат и Уж, уверувајќи дека патеките се целосно безбедни за патување. Според агенцијата, повеќе од 90.000 туристи го посетиле Чернобил во 2019 година.