Мониторингот на ЦИВИЛ јавува дека гласањето во казнено-поправните установи започна навремено и тече без прекини. За разлика од денот на гласањето на 17 октомври, кога на дел од лицата на издржување казна затвор, не им беше дозволено гласањето со „домска карта“, во првите два часа од вториот изборен круг не се регистрирани такви случаи.
Како и во првиот круг, така и денеска, во вториот круг од гласањето на локалните избори, од Избирачкиот список недостасуваат дел од лицата што се во притвор.
Во вториот круг на Локалните избори 2021 денеска, 30 октомври, гласаат болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, лицата во старските домови и внатрешно раселените лица.
Извор: ЦИВИЛ Медиа