ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Цунамито помина, следува спасувачката мисија

November 2, 2021 10:12
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Утрото по изборите е секогаш попаметно отколку вечерта по нив. Резултатите ги видовме, честитките се испорачани, оставките депонирани. За учесниците во изборната трка и нивните штабови следуваше долга, непроспана ноќ, за секого од различни, спротивни причини.

Сега сите си го поставуваат прашањето што ќе се случува понатаму?

Опциите за тоа се изброени, не се бесконечни. Прилично поедноставено кажано, мнозинството од гласачите (и оние кои гласаа и оние кои не го искористија тоа свое демократско право) сакаат промена на власта, не само на локално ниво, за што тукушто јасно се изјаснија. Толкувањата можеа да бидат поинакви, да беа резултатите поизбалансирани, но ваквиот убедлив исход на изборите демонстрира решеност опозицијата да ја преземе одговорноста за водењето на државата. Како што тоа би го испеал поетот Балашевиќ, принципот е ист, сѐ друго се нијанси.

Според тоа, прашањето се чини техничко: кога и како?

Нема можност за „брзи избори“ во Македонија, бидејќи и „најбрзите“ би биле некаде за време на идната пролет. Да не прераскажуваме закони и да толкуваме рокови, врти-сучи, без 4-5 месеци избори побрзо не би можеле да се спроведат – освен ако не реши власта итно да ги свикува! Толку будали, после вакви изборни резултати, веројатно не се.

Постои можноста – секогаш – за ново мнозинство во Собранието, ама ако во него не влезат сите, освен СДСМ, и таквата влада, предводена од сегашните опозиционери, би имала шлампаво двегодишно мнозинство, со трошење време и нерви низ коишто помина(ува) оваа Влада, а изборните резултати ги гледаме. Толку будали од ВМРО-ДПМНЕ, после вакви изборни резултати, веројатно не се.

За можноста за „концентрациона/техничка влада“, во која сите на купче би нѐ малтретирале со месеци, додека некое мнозинство не процени дека сака да спроведе вонредни избори, е најслабата опција што стои на располагање. Толку будали, после вакви изборни резултати, граѓаните не се.

Според тоа, ќе следува нешто што на сите им изгледа помалку или повеќе прифатливо, после вакви изборни резултати: постоечката коалиција да продолжи да владее, во надеж дека нешто од изгубениот кредибилитет ќе може да поврати, а постоечката опозиција да продолжи да мрчи и опструира, со надеж дека власта само подлабоко ќе тоне, додека се прпелка во сопствените меѓупартиски и внатрепартиски прередувања.

Во таквата „мртва трка“, делува дека опозицијата ќе има поголема предност, доколку има нерви да се стрпи, што е варијабила што не може сега да се процени. Оти, таму има луѓе на кои многу им се брза, од оправдани приватни причини. А и дојдоа нивните „пет минути“, скокаат од радост по постови, говорници и коментари, човек да се разнежи од нивото на трогателност со која се облеани.

Дополнително, за последната варијанта недостасува лидер во власта, за премиерска функција, кој/а ќе се нафати да биде комбинација и на технократски и на политички капацитет, со резултати што би биле многу поубедливи од овие за кои оценката им ја испорачаа гласачите на овие локални избори. Тоа би барало политичка и лична саможртва (освен ако бенефитите не се гледаат во други аспекти од занимавањето со политика) за која, во моментов, не се гледа очигледен кандидат/ка, бидејќи мисијата е со голема самоубиствена политичка компонента. Не дека е невозможна, ама шансите би биле поголеми за холивудско акционо сценарио, отколку за постоечкиов македонски партиско-политички синопсис.

Наеднаш, од „кога и како“, дилемата за демисијата на оваа Влада лесно може да „исклизи“ на теренот на „дали“?

Тоа значи дека, што би рекол Шерлок Холмс, кога ќе ги исклучите сите невозможни опции, тогаш што и да остане, колку и да се чини неверојатно, мора да е вистината: Дајте „ново дете“ за следен македонски премиер/ка!

Хехехе, трибините тукушто експлодираа…


Преземано од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Старо-новиот градоначалник Јакимовски, в петок на суд за незаконие во Карпош

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk