Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Христијан Мицкоски не може да направи парламентарно мнозинство бидејќи има опасни планови за државата, велат од СДСМ. Прогласувањето кризна состојба при недостиг на струја е во согласност со законот. Почина 16-годишна пациентка поради компликации со корона-вирусот. Нови колумни на Тричковски и Трајковски.
ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА
Сите членки на владината коалиција на координативната средба кај премиерот Зоран Заев во понеделникот потврдија дека силно го поддржуваат сегашното парламентарно мнозинство и Влада и не се подготвени да поддржат друго, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Питер Ванхауте, белгискиот експерт кој беше посредник на ЕУ во постигнувањето на Пржинскиот договор оценува дека премиерот Зоран Заев избрзал со поднесување оставка на функцијата по неуспехот на локалните избори бидејќи претходно не се консултирал за тоа со коалициските партнери. Смета и дека исходот од изборите на едно ниво не треба да имаат влијание на друго ниво бидејќи локалната и централната власт се две јасно одвоени нивоа на управување.
Враќањето на една националистичка реторика од нашите соседи, во суштина ќе нѐ одведе до редефинирање на нашата национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис , јави дописничката на МИА од Атина.
Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на електрична енергија што ја донесе Владата на 30 октомври годинава и која веќе е објавена во Службен весник е донесена со цел усогласување со одредбите на Законот за енергетика, порачуваат од Министерството за економија.
Уште еднаш се потврди дека најавите за ново мнозинство од Христијан Мицкоски се нереални и нечесни кон граѓаните. Денеска тие паднаа во вода, велат од СДСМ. Го лажеше Мицкоски народот до само пред три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината јавноста ја гледа денеска. СДСМ и владината коалицијата освоија повеќе гласови за советници од опозицијата, парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори бидејќи државата е поважна од разулавеноста на Мицкоски
СКАНДАЛИ
Независните советници во Општина Карпош од „Независни за Карпош“ побараа од новиот градоначалник Стевчо Јакимовски да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст од видеото од прославата кое се споделува по социјалните мрежи
ОПШТЕСТВО
Управата за водење на матични книги (УВМК) информира дека донела решение да не се бара изводите од Матичната книга на родени да не бидат постари од шест месеци. Ова беше изјавено откако Порталб.мк го објави истражувањето во кое граѓани се пожалиле, а од Управата потврдиле, дека од нив биле побарани изводи не постари од шест месеци. Со новата одлука, граѓаните кои сакаат да се венчаат, УВМК повеќе нема да ги обврзува да вадат нови изводи, туку службеникот ќе ги проверува податоците од изводите што граѓаните веќе ги имаат.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Социјалните мрежи се преплавени со коментари за последните изјави од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со нивниот контрадикторен став за Преспанскиот договор и уставното име на државата. Ранко Србакоски објави „сликовита анализа“
Андреј Жерновски ја коментира изјавата на Христијан Мицкоски кој истакна дека бара брзи предвремени парламентарни избори. Тој го прашува Мицкоски каде му е парламентарното мнозинство што го најавуваше и дали е сигурен дека ќе освои исто толку партиски гласови откако одма после локалните избори неговите градоначалници го прифатија уставното име Северна Македонија, како реалност.
ПАНДЕМИЈА
Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина.
Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 16 годишна пациентка од село Сиричино, тетовско. Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на Итна Помош е донесена на Инфективна клиника, од КБ Тетово каде била од 21.10 до 23.10, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале 9 дена од иницијалниот прием во тетовската болница.
ФРОНТ
И постизборните анализи на „нели ви реков“ експертите никогаш не ја содржеле критиката како основа за сугерирање кон владините политики. Напротив. Тие секогаш биле полни со антагонизам, нетрпеливост, омраза, и неприроден гнев, па цинизмот им блескаше како единствен меч со кој се појавуваат во јавноста како „луцидни“ експерти сечејќи магла… Ебати патриотите, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
Македонија нема да умре утре. Не сум сигурен, но мал е ризикот дека нема да погодам. Хахаха! Ако даде Господ, бидејќи сега се е во неговите раце, ќе ја истера и следната година… Македонија сè уште не е мртва, кога ќе умре не се знае, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.
ПРАВДА
Претседателот на Европскиот суд за човекови права Робер Спано, доаѓа во посета на земјава за да земе учество на регионалната конференција од висок профил на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“, којашто ќе се одржи во Скопје на 5 ноември. Предвидено е на истата да учествуваат претставници од Владата на Република Северна Македонија, Европскиот суд за човекови права, судските и јавнообвинителските институции од земјите на Западен Балкан, како и академската заедница.
М. М.