ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Шест нови пратеници во Собранието, има добри реформи во судството

November 5, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано вели дека во македоското судство има добри реформи. Нови шест пратеници во Собранието, откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници. Зачувувањето на парламентарното мнозинство е волја на сите коалициски партнери, вели Маричиќ. Ахмети смета дека Беса нема да ја напушти Владата.

ПОЛИТИКА

Горан Герасимовски ја презеде функцијата градоначалник на општина Центар. Вчера досегашниот градоначалник Саша Богдановиќ му ја предаде канцеларијата со детални информации за проектите во тек.

Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво.

Димитров денеска го повтори ставот дека бугарското вето за нашиот почеток на преговори со Европската Унија, всушност не е само блокада кон нас, туку и кон ЕУ. Таа блокада сакале или не, е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, изјави денеска Димитров.

Сметам дека нема да се случи Беса да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да биде од полза на таа партија, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети во Собранието. Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа дека поради одлуката за прегласување на изборите за градоначалник во Желино можно е партијата да ја напушти владината коалиција, Ахмети вели дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место во Желино.

Кратки нозе: Невистини за ветувањата на кандидатите за скопски градоначалник за загадувањето,

Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува  мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

Еден од позитивните развојни текови кога станува збор за македонското судство е тоа што имаат добри реформи, посебно Врховниот суд и апелациските судови кога станува збор за прашањето за ограничување на максималното траење на постапките, рече претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано.

ФРОНТ

Koлумна на Сашо Ордановски: Каде оди овој брод? После сите првични возбудувања и шокови од оставките на Зоран Заев, курсот на процесот за владината консолидација сѐ појасно се наѕира. Името на „пилотот во авионот“ ќе треба да се знае до средината на идната недела

РЕНДГЕН: Крпење

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Пост на Фејсбук шири дезинформации дека се сквернавел споменикот за насилно прогонетите 28.000 деца на возраст од 2 до 14 години од Егејскиот дел на Македонија, кој е поставен на Кејот „13 Ноември“ покрај Вардар во близина на хотелот „Холидеј ин“. Според постот, до споменикот биле поставени контејнери со смет. Нашата проверка покажа дека станува збор за дезинформација.

КУЛТУРА

Со концерт на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски вечер ќе биде отворено 22. издание на традиционалната манифестација „Есенски музички свечености“ 2021.

Самитот „COP26“ се обидува да најде начин да се постигне целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа. Ветувањето за укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина, кои поседуваат повеќе од половина од сите термоелектрани во светот, а планираат да изградат повеќе.

Вил Смит на 9 ноември ќе ги објави своите мемоари, а јавноста веќе неколкупати беше изненадена со делови кои досега се објавени. Меѓу другото, тој пишува и дека размислувал да го убие својот татко поради семејното насилство.

В.К

Next Post

Гаши: Се собравме за иницијатива за недоверба на Владата, допрва ќе разговараме за ново мнозинство

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk