Еден од 12 пратеници на АА-ААА, со кого разговараше ТВ21, се очекува да го повлече својот потпис од „новото мнозинство“, кое в петок го најави Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Двоумењата кај дел од албанските пратеници околу новото мнозинство се однесуваат на ставовите на Левица, кои не се совпаѓаат со нивниот политички профил.
„Нѐ измамија, ќе го повлечам потписот“, рече за ТВ21 еден од пратениците Албанци, кој сакаше да остане анонимен.
Инаку, официјалниот став на АА-ААА, како политичка коалиција останува непроменет!
Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците за ТВ21 изјави дека новото мнозинство останува исто, и покрај гласините дека има пратеници кои се „премислиле“.
извор: ТВ21