пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Не знам дали колумната на Поповски е платена политичка програма, но во неговата реклама за Црвенковски како лек за кризата недостасува предупредувањето што оди на крајот на сите фармацевтски објави: За контраиндикациите и мерките на претпазливост консултирајте се со лекар или фармацевт.
Најдобро ќе биде да си обезбедите термин кај проф. д-р Тричковски. Тој ќе ви препорача лекот на колегата Љупчо да го фрлите во веце шоља, да се измочате врз него и неколку пати да пуштите вода.
Црвенковски е манекен на македонската политика во колекцијата Викторија сикрет: бели ангелски крила, исправена става, заводнички поглед кон публиката, голотија што ја покрива тенката потстава врз сивата маса, тие неколку синапси што му го искривуваат и бинираат погледот врз општите работи, парадност на евтините страсти во него и во тие што го сакаа… Хелена Кристенсен ќе беше сто пати подобар лек. Него можете да го издвоите од другата политичка елита само по должината на ангелските крила, по ништо друго, затоа што сите тие од левата колона на пропаста, од Глигоров и Гошев до Бранко, беа или манекени, или стручњаци од вечерните школи по економија или спортисти кои Македонија ја користеа како стоп за скок во ниските облаци на славата и богатството.
Целата таа репрезентација беше составена од луѓе кои не го разбираа светот, критериумите, процесите и насоките во кои се движи светот, ниту пак ја разбираа суштината на Македонија. Мишко со врзани очи подобро го возеше автобусот на Шијан и на другарот Павле отколку тие со отворени очи Македонија. Сите беа националисти на кои национализмот во таа некоја софт верзија им ја покриваше сета неспособност, безидејност и некадарност. Името, преамбулата, националните интереси, тралала, тралала.
Тие беа фабрика за производство на проблеми во Македонија и на Македонија.
Како проблем за себе и за светот.
Да бевме приклучени на некаков автопилот, денеска ќе бевме на сигурно многу подалеку од септичката јама што на последните избори ја преполни екипата на Бранко Црвенковски.
Тоа што го имаме денес е род на нивните есенски и пролетни сеидби од деведесеттите наваму. Сржта на паднатиот притисок во организмот и коматозните тенденции, се удрени со нивните ашови: растурањето на општествената структура и минималната кохезија, поделбата на политички касти, вмровизацијата на општеството, драматичното раслојување по социјална линија без минимум покритие во трудот, талентот и резултатите, фокусот на меѓуетничките прашања со постојана грижа дека Македонците губат, а кај Албанците дека добиваат малку, идиотските надежи дека меѓународната заедница ќе застане на наша страна и ќе ѝ го начука на Грција, односно на сопствениот културолошки и филозофски темел… Груевски, Георгиевски и останатата багра се родени во Акушерската клиника на Бихаќка.
Не на плоштадот вмро.
И третата работа: Црвенковски и неговото крило ги искористија локалните избори како место од кое ќе го убијат премиерот Заев, како лидер и на сдсм и како премиер и врз неговата гробна плоча ќе се инсталираат како партиска и државна власт. Тоа беше политичко убиство со предумисла. Сам по себе еден страшен пучистички, во суштина злосторнички чин кој добива на тежината ако се каже дека тие решија да го убијат најдоброто во македонската политика. Во својата страст, тие пропуштија да ги прифатат предупредувањата дека на тој начин не само што ќе го убијат Заев, туку дека ќе стрелаат врз стабилноста на Македонија, врз Македонија како држава, дека на тој начин нема себе си да си го отворат патот до власта, туку на најголемиот олош, бандитизам, нацифашизам и примитивизам. Со други зборови, на локалните избори тие извршија атентат врз Македонија и врз нејзините 1,8 милиони граѓани. Не знам дали сте чуле за мемоарите на Бранко Црвенковски: Како ги убив државата, партијата, нацијата и себе со еден удар! Хахаха. Ова не е заебанција. Јас му предлагам така да се вика новата автобиографска книга за големото ништо во македонската политика. Тоа се најстрашните злосторници во мирновременска Европа. Тие ја носат стигмата на морални монструми. Накази. Кои го убедија македонскиот бубрег дека лојот во кој живее е срање. И кои низ процесот на консензус на општеството што ќе мора да се разбуди ако во меѓувреме не умре, ќе треба да бидат елиминирани од јавната сцена. Луструрани. Доживотно, плус сто години. Не сум сретнал побизарен предлог од тој општеството да го предложи за премиер човекот што на најбеспримерен начин го порази, му ја растури основата и супстанцата, го утепа. Со тој акт тие отвораат неверојатни опции за смрт на Македонија. За крај на македонскиот национален и државен проект. Од моментален распад до бескрајна декаденција на тотална агонија и крај. Крајот како опција за која сите ќе се молиме.
Еве, за крај, еден мој текст. Всушност, една скица на агонијата во која ќе влеземе, ако веќе утре не го сопреме подемот на нацифашистите, чипираните идиоти, лудаците и на другите експонати и експоненти на болниот дел од општеството. Поместена беше во еден мој статус:
- Општо слабеење на државниот, национален и општествен организам, на неговата моќ, да биде организам, пукање на лигаментите, распад во многу блиска перспектива.
- Слабеење на македонската етничка компонента во државните работи и нов пораст на моќта на албанскиот фактор.
- Обидот да се вратат некои загубени позиции во однос на меѓународниот фактор и соседите како и во однос на Албанците преку некаква национална, односно националистичка хомогенизација, ќе резултира со брз и болен крај на македонската кауза и на македонскиот национален и државен проект.
- Ќе се зголемат амбициите за федерално уредување, па и за сепарација на страната на Албанците внатре, а од надвор и од внатре притисоците на бугарскиот фактор во милион форми и изданија.
- Македонскиот национализам, особено во искривената варијанта на вмро е особено глупав начин нацијата да си ги пресече вените во големата када на историјата.
- Северна Македонија ќе се ослободи од елементите кои ја дефинираа како решение и ќе влезе во оставинската маса на балканската територијална и политичка разврска.
- Подемот и евентуалното доаѓање на власт на групацијата од почетокот на овој текст ќе ја смени комплетната политичка филозофија на меѓународната заедница за Македонија, во променети геополитички односи кои се неповолни за Македонија особено при вакви внатрешни промени.
- Македонија ќе испрати силни сигнали дека не може да се поднесе себе си.
- Свеста за напреднатиот стадиум на болеста ќе стимулира разни форми на декадентно однесување, од баханалии и пљачки до тотален распад на институциите.
- Одбивањето да се сменат културните модели односно нивното зацврстување низ тенденциите да се сменат не моделите туку Заев и неговите политики, ќе биде крај на приказната. Рок: 3-5 години, со тоа што наглото влошување ќе настапи само по 3-5 дена.
И уште еден скорешен што се викаше Јуфки.
Гледајте, драги пријатели, како „граѓаните“ во сдсм наумиле да ги симнат „сељаците“ и да се вратат на власт во партијата: два дена, две недели, кога се гласа, ќе сукаат јуфки, ќе варат ракија, ќе јадат говна, ќе си ги кршат нозете да не би можеле да одат до гласачките кутии, демек со своето отсуство да го поразат Заев на локалните избори, толку убедливо што ќе го натераат да се повлече, во кој случај, тие би ја презеле власта на партиско и, времено, на државно ниво, со идеја на следните парламентарни избори со своите супериорни политики да го победат вмро-дпмне и да ја внесат Македонија во среќната иднина.
Бранко, Софија, Ана и уште еден шлепер умислени безначајности и манекенки и манекени на инфантилноста, неодговорноста и злобата.
Па, добро, другови, каква душевна храна користите за да се испокакате толку смрдливо што ниту најсилниот вениш да не може да ве измие? Ми доаѓа на ум дека е подобро да ве бапнеме во шољата, да пуштиме вода и да пријавиме во водостопанство дека се очекува излив на отровни материи во Вардар. Дури ми доаѓа да му се јавам на Господ сите да не бапне во својот полски нужник и да не пушта вода да не би да ја спуштил концентрацијата на смртта.
Тоа е идеја за две муви со еден удар, но работата е во тоа дека едната мува е социјалдемократска, а двете се македонски.
Без резервни пасоши.
Тоа не е политика, тоа е беспреседентна глупост со општи последици односно тоа е кривично дело.
Да резимираме: Сдсм ќе влезе во процес на интензивно распаѓање, пострашно од онаа на кое е изложен сдп во Хрватска. Бранко ќе заврши како жртва на следниот пучист, а другите будали ќе исчезнат во центарот на безначајноста.
Не знам дали вмро ќе ја следи таа патека.
Веројатно.
Можеби, дури, и сигурно.
А Македонија?
Македонија е автобус што излетува на првата кривина викана курац.
Со големо К.
Вие решавате, дали утре ќе сукате јуфки за папата или ќе гласате за себе.
Самоубиство со предумисла.
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.