Искрено очекувам парламентарното демократско мнозинство да се стабилизира. Пред сè тоа што е ориентирано за евро-атлантскиот пат, тоа што е ориентирано за нашето мултиетничко општество, одржување на добрососедските односи и тоа што ориентирано кон позитивните реформи во државата, рече премиерот Зоран Заев по вчерашните средби на СДСМ на Централниот и Извршниот одбор.
„Затоа се овие напори. Уште еднаш напоменувам, уште кога ја објавв одлуката на 31 октомври кога ги најавив оставките од двете функции, реков, останувам периодов, за да се посветам, да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство, ако може и тоа парламентарно мнозинство да порасне. Деновите се пред нас, секако тоа ќе го знаеме сите. Важно е државата да не се врати во минатото, рече Заев.
И. З.
Извор: ТВ 21