ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Уште еден пораз за опозицијата, неславно заврши обидот да ја собори владата

November 12, 2021 00:31
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците од опозицијата вечерва си заминаа од Собранието, но како што изјавија, не ја повлекуваат иницијативата за гласање доверба на Владата. Бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза. Седницата за доверба на Владата попладнево е прекината поради немање кворум и неможност да се утврди дневниот ред, а согласно Деловникот за работа на Собранието, таа треба да заврши до полноќ.

Од Собранието вечерва си заминаа и претседателот на Движењето „Беса“ Биљал Касами и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелика Петкова, во скафандери пристигнаа во Собранието за да учествуваат на парламентарното заседание, но тоа не беше доволно да обезбедат кворум.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова, во скафандери пристигнаа во Собранието. Фото: Петар Стојановски

Покренувачите на Иницијативата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Беса го немаа потребното мнозинство за гласање недоверба на Владата, откако стана јасно дека пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не присуствува на седницата, иако е потпишан на иницијативата.

Реџепи ова го потврди на Фејсбук, посочувајќи, меѓу другото, дека одлучил да не присуствува на седницата.

„Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба по оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ“, напиша на Фејсбук Кастриот Реџепи.

Тој потоа беше повикуван од Касами, Мицкоски, Села и други да се појави во Собранието, зашто наводно биле загрижени за неговата безбедност. Реџепи преку видео обраќање го демантираше гласините .Тој вели дека е на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија.

„Ви го зборувам ова со полна совест, а штом поминат ризиците од заканите на неколку индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и ќе ги објаснам сите работи. Секогаш ќе се ангажирам за слободата на говорот, за слободен став при донесувањето одлуки, што се доблести на демократски општества“, потенцира Реџепи во ведо обраќањето.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако беше очигледно дека иницијативата нема да им успее, пред присутните медиуми рече дека се мисли дали вреди да практицира политика.

Христијан Мицкоски. Фото: Принтскрин

„Па да чекаме да се појави, загрижени сме, дали човекот е жив, здрав, да видиме што се случува со човекот, да каже. Ако не се појави, треба да даде одговор МВР, јас како што знам Биљал Касами даде една изјава, рече дека пријавил, така да видиме што ќе се случи. Но повторно ќе ви кажам, ова се методи на она налик на оние методи од 16-17 век и предизвикаа едно големо чувство кај мене на гадење и ако вака навистина се практикува политиката во Македонија, сериозна ќе се замислам дали и вреди да практицираме политика во Македонија.“, истакна Мицкоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека за следните чекори на опозицијата, во текот на утрешниот ден ќе заседаваат органите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде направена комуникација со коалиционите партнери.

Димитар Апасиев од „Левица“, после неуспешната иницијатива за соборување на владата, побара опозицијата да ги радикализира методите на дејствување што според него значи протести, блокади и парализа на Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски, за неуспешниот обид на иницијаторите рече Мицкоски да не бара алиби кај никој друг, освен кај себеси.

„Се она што денеска се случува во Собранието е резултат на лагите на докажаниот губитник Христијан Мицкоски.Токму Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата. За овој негов неуспех, Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста кај било кој. Само тој си е виновен и може на себе да си се лути, да му се гади и слично. Само за власт и за ништо друго, тој седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите. Кај нив нема приниципи, нема политики, нема никаква понуда за граѓаните, за државата.”- истакна Јован Митрески на прес конференцијата на СДСМ по повод актуелните случувања во сообранието.

Џафери ја затвори собраниската седница за гласање доверба, Владата останува.

„Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена“, констатираше вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери и ја затвори денешната седница.

Според процедурите на Деловникот, Џафери појасни дека од моментот на прашањето за доверба на Владата, Собранието има за право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис.

Јане Ѓорѓиоски

Next Post
Фото: МИА

Османи: Пропадна обидот за отстапување од стратешките определби на земјава

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk