ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Протоколарен дебакал на Арсовска за празникот на градот

November 14, 2021 11:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Отсуството и розевиот капут на новата градоначалничка за 13-ти ноември ги вознемирија скопјани.

Новоизбраната градоначалничка на Скопје вчера не се појави на доделувањето на наградите „13-ти ноември“ на општо чудење на присутните на одбележувањето во национална филхармонија. Постарите скопјани велат дека ова е прв пат некој градоначалник на Скопје да не се појави и лично да ги додели градските награди кои што се доделуваат традиционално уште од 1955 година. Дознаваме дека овој однос предизвикал голем револт меѓу наградените кои оваа година останале без честитка и признание од мајката на градот. Меѓу нив, оваа година се универзитетски професори, публицисти, лекари, археолози, уметници, но и институции и средношколци со посебни достигнувања минатата година.

Непојавувањето на Арсовска на доделувањето на наградите сепак не е единствениот протоколарен пропуст за одбележувањето на 13-ти ноември. На денската свеченост на гробиштатата во Бутел  и пред споменикот на ослободителите на градот пред зградата на Владата, Градоначалничката се појави во розов капут несоодветен за денот и пригодата кога се сеќаваме на стотиците загинати партизани во битката за Скопје. Ведрите бои, иако често користени од политичарките денес, се крајно несоодветни за ваквите прилики и се навредливи за оние чии што дела ги одбележуваме, велат познавачите на државниот протокол кои останале зачудени од појавата на Арсовска.

Помал пропуст, веројатно како резултат на непознавање на градот и неговите институции, е што Арсовска положуваше цвеќе во придружба на лица од својот нов кабинет, наместо именувани и избрани функционери како што било досега случај. Арсовска можела со себе да покани членови на Советот, или највисоките административни службеници од градската администрација, или пак директори на јавните претпријатија. Со спуштањето на нивото на придружбата, коментираат познавачите на државниот протокол, се спушта и почитта која што им ја даваме на оние чии што дела се одбележуваат.

Останува да видиме дали првиот протоколарен настан на Данела Арсовска е и последниот со вакви пропусти, или новата Градоначалничка на Скопје има намера да ги менува утврдените скопски традиции и да сврти нова страница во својот мандат во однос на одбележувањето на ослободувањето на Скопје.

Next Post

Шахпаска: Новиот Закон за работни односи нуди модерни решенија во интерес на работниците

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk