ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Верувам дека сите ќе бидеме разумни во предлагањето кандидати за техничката влада

Заев смета дека нема потреба од посебна средба со Али Ахмети околу кандидатите за преодната влада, за тоа се можни консултации и по телефон

December 28, 2019 14:21
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека сите ќе бидеме разумни во внимателноста на предлагањето кандидати, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој доцна попладне ќе има средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кандидадите од преодната Влада што треба да стартува од 3 јануари, на 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април следната година, пренесува МИА.

Заев смета дека нема потреба од посебна средба со коалицискиот партнер и лидер на ДУИ, Али Ахмети околу кандидатите за преодната влада и посочи дека за тоа се можни консултации и по телефон. Тој не очекува проблеми од кадровски аспект, за да има потреба од посебни видови координации, состаноци или слично.

Средбата со Мицкоски, повтори Заев, се реализира заради законската обврска каде што претседателот на најголемата опозициона партија треба да се сретне и да разговара со претседателот на најголемата владејачка партија и втората по големина владејачка партија.

– Тој денеска прави средба со мене за консултација за кандидатите за преодната влада, а прави средба и со г. Али Ахмети за координација за кандидатите за преодната влада. Ние немаме потреба од некој разговор помеѓу мене и Ахмети за средби или слично. Веројатно самите имиња коишто ќе бидат разгледани ако имаме некоја дополнителна потреба како коалициски партнери можеме да се слушнеме по телефон и да поразговараме уште еднаш дали навистина двете страни стојат на ваквото со закон задолжително обврзувачко решение. Верувам дека ќе бидеме сите разумни во внимателноста на предлагањето на кандидатите, рече Заев.

СДСМ, дополни Заев, ги предложи своите кандидати и јавно ги соопшти. – Тоа се познати личности кои служеле и до денес на државата. Верувам дека нема да имаме некои видови проблеми од кадровски аспект за да може да правиме посебни видови координации, состаноци или слично, наведе премиерот Заев.

Тој потенцираше дека во изминатиот период на раководење со Владата носел храбри одлуки во корист на граѓаните и држвата, истакнувајќи ги договорите со соседните држави во контекст на евроатлантските перспективи.

– Докажав дека не недостасуваше храброст паралелно со разумност и рационалност. Носевме одлуки, сега редот е на друг – на  граѓаните, тие сеге ќе одлучуваат. Јас мојот дел во одлучувањето го направив, нормално сега следат партиски одлуки што ќе понудиме и какви кандидати и перспективи ќе понудиме согалсно кои граѓаните во иднина ќе носат одлуки, рече Заев.

Next Post
Мендух Тачи, ДПА

Тачи: ДПА и натаму е спремна да разговара со СДСМ поради деблокирањето на интеграцискиот процес

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk