ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Придонесов во економијата, ги поттикнувам и другите бизнисмени да го направат тоа

Јас на некој начин употребив две и пол години од својот живот и придонесов со сето мое знаење што го имам, и практично, и теоретско, во економијата или во економските политики на државата и мислам дека е тоа доволно за секој што е од стопанството....

December 28, 2019 15:23
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој се повлекува од функцијата на 3 јануари кога ќе стартува техничката влада за предвремените парламентарни избори, денеска изјави дека во изминатите две и пол години со знаењето и исуството како стопанственик придонел во економијата на државата и ги поттикнува тоа да го направат и останатите бизнисмени, пренесе МИА.

– Јас на некој начин употребив две и пол години од својот живот и придонесов со сето мое знаење што го имам, и практично, и теоретско, во економијата или во економските политики на државата и мислам дека е тоа доволно за секој што е од стопанството. Бидејќи ако продолжи подолго тоа да го прави, во тој случај ќе им наштети на компаниите од коишто дошол зашто таму, се разбира, вие оставате еден систем којшто исто така бара нега и одржување. Од таа причина, јас ги поттикнувам сите останати стопанственици да дадат ист таков придонес во иднина и секој од нас ако вгради мало камче од своето знаење во системот на економијата, тоа ќе биде добро, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања по објавата на нови инвестиции од американската компанија од автомобилската индустрија.

Прашан дали би прифатил евентуален ангажман по изборите во Владата доколку добие покана за тоа повторно од СДСМ или пак од ВМРО-ДПМНЕ, прецизираше дека може да прифати политика каква што води сегашната влада и никаква поинаква  и оти не може да одговори на хипотетичко прашање.

Тој им се заблагодари на медиумите за соработката истакнувајќи дека бил критикуван и анализиран,  не побарал, како што рече, прашање однапред и не му замерил на ниту еден медиум, ниту пак покренал каква било постапка кон новинари за критиките што му биле упатени.

Вицепремиерот се приклучи на владиниот тим како претставник на бизнис-заедницата од Стопанската комора на Македонија.

Next Post

Тачи: ДПА е поблиску до коалиција со СДСМ, отколку со албанските партии

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk