Љупчо Зиков преку објава на Фејсбук, го прашува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, што барал да оди во Белград во деновите кога не успеа да состави праламентарно мнозинство и да состави нова влада.
„За лидерот на опозицијата …
Во деновите кога ти пропаднал обидот да составиш влада (ново мнозинство), со операција на вратот, да трчаш и одиш во Белград, и да се насадиш на 40 минутно интервју кај Миломир Мариц !?!?
Дали е тоа нормално лидеру на опозицијата… и уште со кој си се видел сè таму !?!? Малку такт бре, „српски свет” ли ќе ти кажува како?
Да сум Села и Касами сега ќе те прашам што мајка бараше таму?“, напиша во објавата Зиков.
Ј. Ѓ.





