ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски по средбата со Заев: Се работи за професионалец, името ќе биде соопштено подоцна

Мицкоски додаде дека со Заев разговарале и за имињата на останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ што ќе бидат дел од техничката влада

December 28, 2019 18:32
in ПОЛИТИКА, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата во Владата со премиерот Зоран Заев изјави дека разговарале три теми, меѓу кои и за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, и оти неговото име ќе биде соопштено подоцна.

– Во првото прашање разговаравме за името, му го презентираме, ја презентиравме биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации што тој треба да ги изврши, јас не би го споменувал се уште нашиот предлог, договоривме за од прилика час – час и половина од сега да се слушнеме телефонски за конечна потврда. Но, вака на прва немаше никакви забелешки, ниту пак имаше некакви дополнителни коментари, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека станува збор за човек нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава.

Мицкоски додаде дека со Заев разговарале и за имињата на останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ што ќе бидат дел од техничката влада, како и за темата која ја отворил Заев, а тоа, како што рече Мицкоски, е околу можноста за промена на изборниот модел и настаните што во Собранието се поврзани со тоа прашање.

– Поврзано со второто прашање, а тоа е останатите предлози како што техничкиот министер за труд и социјална политика, замениците технички министри во ресорите земјоделие, финансии и администрација. Од прилика слушнавме од страна на премиерот во заминување Заев за профилот на личностите кои очекува техничкиот премиер да ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделник се договоривме дека пред да бидат имињата објавени ќе имаме телефонска консултација, а дури потоа откако ќе ја завршиме таа телефонска консултација ќе ги соопштиме на јавноста, истакна Мицкоски.

Мицкоски, во врска со темата за промена на изборниот модел, рече дека како ВМРО-ДПМНЕ изразиле подготвеност веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои да бидат тогаш, да седнат и разговораат за промена на изборниот модел и примена на т.н. отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори, посебно за листите на советници.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/495550951313113/

Next Post

Владата ги поддржа Колективниот договор и Предлог-законот за култура

Најново

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

April 30, 2026
Фото: Влада

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

April 30, 2026

Кочоска Димитриевска: Десетина големи европски држави ќе банкротираат, ние добиваме пофалби од ММФ и Светска банка

April 30, 2026

СДА Македонија: Власта ја претвора државата во „црна дупка“, укинувањето на техничката влада е вовед во авторитарно владеење

April 30, 2026

Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk