ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Да не се занимаваме со изјави од Бугарија додека не добиеме соговорници со целосен политички легитимитет

November 19, 2021 15:32
in Uncategorized, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè додека во Бугарија не се формираат влада, односно, претходно не конституираат Парламент не би требало да се занимаваме со изјави кои доаѓаат од луѓе кои во моментот се уште немаат целосен полтички легитимитет, вели претседателот Стево Пендаровски.

– Станува збор за изјави, од која било страна да доаѓаат, дали од техничкиот министер за надворешни работи или од кандидатите на претседателските избори или оние кои би требало да ја формираат идната влада, а не знаеме дали ќе успеат да ја формираат. Тоа се изјави на луѓе кои или немаат целосен политички легитимитет или станува збор за кандидати кои допрва треба да станат членови на владата или да формираат органи на власт во Софија, вели Пендаровски на новинарско прашање за различните позиции на актуелниот претседател на Бугарија Румен Радев кој е и кандидат за втор мандат и на идниот можен мандатар на новата влада Кирил Петков. 

Пендаровски вели дека независно дали ќе направат Влада или не во Софија, тој е претпазлив реалист,

-Толку многу пати се изгоревме чекајќи од Софија да се дигне неразумната блокада што јас би почекал навистина да видам со кого конкретно утре, задутре и по 21-ви ќе разговараме не само на претседателско ниво, туку и на нивно на Министерство за надворешни работи кои де факто и досега ги водеа разговорите, кажа Пендаровски на заедничката прес-конференција со полскиот колега Анджеј Дуда.

Во однос на изјавата на Радев дека во земјава се врши систематска дебугаризација и ако тој победи на изборите и продолжи со вакви изјави дали треба да реагира државата, Пендаровски рече дека и во изминатиот период кога Бугарија беше во серија на изборни процеси, нашата земја преку МНР реагирала регуларно, редовно на сите средби со претставници на бугарското МНР на вакви и слични изјави. Според него, овие изјави очигледно не се втемелени во реалноста, а гол факт за тоа, според него, е пописот кој штотуку заврши.  

-Туку што го завршивме пописот, не постои ниеден, ни вербален, ни писмен документ или пријава до Комисијата која се бори против дискриминација, која е единствено надлежна за тие работи, ниту пред други евентуално надлежни органи – обвинителства, полиција итн. ниту еден единствен случај на човек кој се изјаснил како Бугарин, а тоа не му било оневозможено од попишувачите. Значи, ако попишавме над 1.800.000 луѓе и ако од таа страна се тврди дека има над стотина илјади наши граѓани кои имаат бугарско државјанство, а ниеден од нив не се пожалил дека му е оспорено правото да го искаже своето национално чувство, се прашувам за каква системска дебугаризација зборуваме во моментов? Претпоставувам дека станува збор за изјави кои можеби одат далеку во минатото, меѓутоа јас секогаш сум инсистирал во сите разговори со нашите бугарски пријатели дека кога разговараме за влез во ЕУ која е формирана 1957 година и има јасен сет на критериуми и принципи според кои се влегува таму, се преговара и се станува член, да не разговараме за 10 или 15 век, да им го оставиме тоа на историчарите. Во актуелниов момент, повторувам, и пред пописот, а и по пописот нема ниту еден пријавен случај на наш граѓанин кој се изјаснил како етнички Бугарин кој живее во Република Северна Македонија и побарал заштита од нашите надлежни органи бидејќи тоа наводно му било оневозможено, вели претседателот Пендаровски. /МИА/. 

Next Post

Пристап до интернет имаат 83,7% од домаќинствата

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk