ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Отворено писмо на Рамчиловиќ до Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски: Не ги навредувајте Бошњаците

November 20, 2021 11:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот во македонското Собрание, Зеќир Рамчиловиќ упати Отворено писмо до Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски!

Писмото ви го пренесуваме во целост:

Дирекотре на МРТВ повлечете го срамниот Оглас за вработување на новинар во Бошњачката редакција и не ги навредувајте Бошњаците.

Прво сменете ја веќе погрешната номинација на називот на босанскиот јазик како што тоа го направија сите институции по барање на Владата на Република Северна Македонија!

– Нашиот јазик е БОСАНСКИ!

Второ уште поважно:

– Срамно е и навредливо за вработување на новинар во бошњачка редакција за програма на босански јазик да барате вработување според годишниот план за 2021 на Македонец/ка без никаде во огласот да барате познавање на босанскиот јазик.

Како некој кој не го знае босанскиот јазик може да работи како Новинар во редкација на босански јазик!?

Ова вака не може, доколку не го поништите огласот ќе поднесам барање за преиспитување на истиот и претставка до повеќе институции: ДКСК, Народниот правобранител, Комисијата за спречување на дискриминација, Хелсиншкиот комитет за човекови права и др.

ПРЕМНОГУ Е!!!

Жално е што поради Блокадите од опозицијата во Собранието ја злоупотребувате вашата позиција на штета на бошњачката заедница.

За јавноста:

Марјан Цветковски е директор на Македонската радио и телевизија од 2012, и останува на таа функција поради Актуелниот состав на Советот на АВМУ, изгласан од Парламентот во 2014 година, со мандат од пет години.

Како во претходниот собраниски состав така и сега пред новиот обид за избор на нов Програмски совет се испречува двотретинското мнозинство, кое 12-члената комисија го нема без поддршка на барем еден од петте пратеника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, двотретинско мнозинство е неопходно и во комисијата и на пленарната седница што ние како парламентарно мнозинство го немаме и оваа ваква ситуација продолжува и понатаму!

Доц. Д-р Зеќир Рамчиловиќ, пратеник


 

Next Post

Конгресот на САД бара од бугарскиот амбасадор во Вашингтон да се тргне бугарското вето

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk