Благодарение на Кинезот Ванг Сјао Чунг, песните на нашата покојна поп легенда Тоше Проески се слушаат и на улиците на Пекинг, пренесува Фемина.
Младиот Кинез ги испеа „Чија си“ и „Још увек сањам да смо заједно“ од непреболениот македонски пејач и доби многу комплименти од нашите граѓани.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
„Ти благодариме, нè правиш горди. Тоше Проески засекогаш во нашите срца“, „Браво, фала што ја шириш музиката на Тоше Проески“ и „Многу бакнежи од Македонија“ – се само дел од коментарите кои стојат на неговите видеа.
Извор: Фемина