Зоран Теофиловски, членот на Судскиот совет по кого трага полицијата, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за него и уште неколку лица, не присуствувал на денешната седница на Судскиот совет, пишува Фокус.
Од таму за Фокус велат дека досега ништо официјално не стигнало до нив за истрагата која ја отворило Обвинителството и не може да коментираат. Денешната седница на Советот на која требаше да бидат избрани судии во Апелацискиот суд, се одложила, не поради Теофиловски, туку затоа што новиот член на Советот не бил запознаен со кандидатите, па му оставиле време и седницата ја закажале за по новогодишните и божикните празници.
Целиот текст ТУКА