ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието денеска ќе ја продолжи 54-та седница со расправа по дополнетиот Предлог-буџетот за 2022

December 10, 2021 01:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во 12:00 часот, во продолжение на 54-та седница, ќе ја почне расправата за дополнетиот Предлог – буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, што е 16-та точка на дневниот ред. Расправата по дополнетиот Предлог – буџет на пленарна седница трае пет дена.

Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

На 4 декември, Владата го усвои дополнетиот Предлог буџет за 2022 година. Прифатени се 23 амандмани во вкупен износ од околу 382 милиони денари. Дполнително, на предлог на Министерството за финансии прифатени се и следните дополнувања на Буџетот за следната година – зголемување на средствата во МИОА во износ од 250 милиони денари за реализација на програмскитре активности на Македонската радио телевизија, зголемување на средствата на Уставниот суд во износ од еден милион денари за избор на нови уставни судии, зголемување на средствата во финаиската полиција во ознос од еден милион денари за набавка на возило. На седницата е утврден и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетскиуте корисници на централната власт и меѓу фондовите со заклучок таа да биде доставена на усвојување во Собранието.

Синоќа, пратениците на седницата што заврши по полноќ, изгласаа повеќе точки меѓу кои и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на Пандемија прогласена од Светската Здравствена Организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, како и предлогот на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

На седницата најдолго се дискутираше за кризната состојба заради недостиг на електрична енергија, при што пратениците од опозицијата критикуваа дека Владата е неодговорна, како за кризната состојба за струјата, така и за кризната состојба поради КОВИД-19 и мигрантите, додека парламентарното мнозинство констатираше дека покрај интервентната и превентивната улога на мерките, сепак тие даваат резултати. /МИА/

Next Post
Мурал посветен на здравствените работници -  Александар Наумоски и Ѓорѓе Јовановиќ

Досега 218.362 ковид дијагностицирани во земјава, уште доминантен делта-сојот

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk