ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Хоџиќ за Фронтлајн: Недопустливо е погрешно да се именува јазик на припадници на било која етничка заедница

На прашањето дали имало други случаи каде граѓани од помалите заедници се пожалиле на вакви или слични случаи, Хоџиќ го посочи примерот со босанскиот јазик, кој претходно бил погрешно именуван како бошњачки.

December 16, 2021 09:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Власите си имаат свој, влашки јазик, за кој државата дополнително треба да даде напори да се негува и да се потрудиме што повеќе и правилно да се употребува, како доказ на идентитетот на влашката заедница, но и како богатство. Ова е ставот на заменик- директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Џелал Хоџиќ,  кој за Фронтлајн го коментираше случајот со Теано Кардула, на која во Централниот регистар на население при МИОА, ѝ беше погрешно запишано дека јазикот на кој ги потполнила документите е романски, наместо влашки. Министерството за информатичко општество и администрација набргу ја коригираше грешката, но Хоџиќ вели дека ваквите случаи се недопустливи.

„Успеав да се информирав за случајот од социјалните мрежи, се надевам дека се работи за грешка. Но, и како грешка, тоа е недопустливо однесување на дел од институциите на нашата држава. Не стигнав да го видам ставот на засегнатата институција по ова прашање. Но она што сакам да кажам дека е недопустливо погрешно да се именува јазик на припадници на било која етничка заедница, рече Хоџиќ во изјава за Фронтлајн.

Иако проблемот со грешката во графата за јазици кој го пријави Кардула за кратко време беше решен, сепак Хоџиќ ги повика сите засегати страни, од било која заедница во земјава, ако се соочат со вакви и слични проблеми, да се обратат во Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

„Сите засегнати страни кои наидуваат на вакви проблеми да се обратат до Агенцијата за остварување на правата на помалубројните заедниците и заедно со критичкиот невалдин сектор, но и ние како институција да реагираме до тие институции кои имаат вакви грешки“, рече Хоџиќ.

На прашањето дали имало други случаи каде граѓани од помалите заедници се пожалиле на вакви или слични случаи, Хоџиќ го посочи примерот со босанскиот јазик, кој претходно бил погрешно именуван како бошњачки.

„Јас лично сум припадник на бошњачката заедница и нашата заедница имаше сличен предизвик во изминатите години каде што беше погрешно именуван нивниот јазик како бошњачки јазик. Ние успеавме преку Агенцијата за остварување на права на заедниците со реакција до повеќе институции таму каде што го видовме тоа погрешно именување да го исправиме во босански јазик. Значи, бошњачката заедница зборува босански јазик и го имавме тој сличен проблем така да се надевам дека вакви случувања нема да има во иднина“, изјави Хоџиќ.

Теано Кардула, која е ќерка на познатиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула на Фејзбук објави дека грешката е коригирана од страна на Министерството за информатичко општество и администрација и додаде дека најверојатно станувало збор за грешка.

Во нејзината првична објава на социјалните мрежи и во изјава за Фронтлајн, Кардула рече дека смета оти  ваквото категоризирање на влашкиот јазик е скандалозно и асимилаторски потег.

Подготвиле:

Мартина Ацковска

Ивана Т. Зафировска

Next Post

Рамадани: „ВМРО на Мицкоски“ сè уште не е ослободена од ,,шефот’’ за да се реформира

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk