Како и секогаш порано, така и оваа година, ЦИВИЛ во јавноста се појавува со ангажирана честитка за Нова Година, со јасни пораки во поддршка на човековите права и слободи. Честитката е на англиски јазик, а во позадина се гледа индустриски пејсаж кој симболизира загадување. Пораката на ЦИВИЛ за оваа година гласи:
Диктаторите и организираниот криминал се во силна спрега во голем број држави во светот. Нивната мрачна цел е да воспостават доминација во институциите, економијата, културата и медиумите, да завладеат со животот и умот на луѓето.
Во 2020 година, милиони луѓе ќе го кренат својот глас и ќе тргнат против лагите, експлоатацијата, тиранијата и организираниот криминал насекаде во светот.
Нека 2020 година биде исполнета со радосни победи во заложбите за слобода во светот, за достоинство и човекови права, за правда и еднаквост меѓу луѓето, за мир и одржлива иднина.
Во солидарност со сите бранители на човековите права во светот,