МВР расчистило случај со мачење на животни, едно лице лишeно од слобода.
„На 16.12.2021 на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода О.К.(18) од с.Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик“, соопштуваат од МВР.
Лицето било спроведен во ЕВР Ѓорче Петров и во службен разговор признал дека го сторил делото, односно дека во текот на летото фрлил куче од мост во река и потоа објавил фотографии на социјалните мрежи.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.