Кумановската полиција при претрес во домот на кумановец пронајде и одзеде над 500 парчиња петарди, соопшти денеска МВР.
– Вчера во 14:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со над 500 парчиња пиротехнички средства – петарди, соопшти полицијата.
По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.