РИБАРО
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, го надгради и прошири својот проект со шахтите. Новиот грандиозен проект се вика „Мучо гранде нивелирање на шахти во светот и околината“, дознава АХА.
Откако пред неколку дена неуморните тимови на вмровците водени од Данела, ги изнивелираа сите шахти во Скопје, а наредниот ден и во цела Македонија и Балканот, третиот ден веќе беше решен проблемот со нивелирање на шахтите во целиот свет. Но Данела и тимот не застана тука.
Погледнете во видеото што го сними екипата на АХА, кое покажува каде следно се упати Арсовска со неуморните петмина шахтаџии да ги решат проблемите:
И бесплатен јавен превоз ќе има, најави Данела, ич да не се секирате и тоа не само за Скопјани туку во целиот свет а и пошироко, има да се возат бесплатно луѓето!
FRONTLINE.MK