Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје, известуваат од ЈСП.
Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.
Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се достапни на веб страницата на ЈСП Скопје.





