ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Годинава приведени скоро 300 криминалци во Скопје, барани со потерници

December 31, 2021 14:10
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Скопската полиција изминатите 12 месеци приведе скоро 300 криминалци за кои претходно биле распишани потерници. Според податоците на МВР, во текот на 2021 година од страна на oрганизациските единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим -потраги се преземаа низа мерки и активности при што редовно се прибирале сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др.

– Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор, лица под истрага со определена мерка притвор, лица под истрага, лица оддалечени или кои се дале во бегство од казнено-поправни установи, за кои се распишувани национални и меѓународни потраги, информираат од МВР.

Од страна на СВР Скопје бил изготвен План за оперативна акција, во кој вклучен бил и Оперативниот тим – потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ -КПД на територија на РСМ и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ.

– Од страна на Оперативниот тим – потраги лишени се 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 204 години и 11 месеци. Од страна на организациските единици во рамки на СВР Скопје се преземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица при што лишени се 195 лица за издржување на вкупна казна затвор 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена, соопштија од МВР.

Во текот на 2021 година редовно се прибирале и сознанија за лица кои се предмет  на потражна дејност, а се наоѓаат надвор од територија на РС Македонија и во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници. /MИА/.

Next Post

Заев: Ви благодарам за довербата, новата 2022 година да ви донесе многу остварувања и достигнувања исполнети со здравје, радост и со среќа

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk